10 причини зошто алуминиумската фолија ви е најдобриот пријател во кујната
Речиси не постои дом во кој нема алумуниумска фолија. Кога печете нешто во сад за којшто немате капак, алуминиумската фолија е совршена замена за него.
Кога се обидувате храната да ја одржите топла подолг временски период, фолијата е секогаш тука за помош.
Но, алуминиумската фолија има толку многу корисни примени, а голем дел од нив веројатно сè уште не ги знаете… дознајте кои се тие:
Го омекнува кафеавиот шеќер
Кафеавиот шеќер има тенденција да се стврднува. Доколку ви се случи ова, замотајте ја грутката во алуминиумска фолија и ставете ја во рерната. „Печете“ околу 5 минути на 150 степени и шеќерот повторно ќе омекне.
Лесна декорација со шлаг
Немате специјален шприц или алатка за декорација со шлаг? Нема проблем, едноставно направете си импровизиран шприц од алуминиумска фолија.
Го светнува среброто
Доколку сребрениот прибор или накитот го изгубиле својот сјај, еве што треба да направите. Поставете парче алуминиумска фолија на дното од сад за печење и поставете го среброто врз неа.
Посипете со 2 лажички сол и 2 лажички сода бикарбона. Истурете неколку чаши врела вода сè додека не го прелиете среброто. Оставете да отстои 5 минути, потоа отстранете го, протријте со четка под млаз вода и уживате во сјајот.
Скарите се чистат полесно
Направете мало топче од алуминиумска фолија со цел полесно да ги исчистите замастените скари и тавчиња.
Може да ги наострите ножиците
Доколку ножиците ви затапуваат, може да ги наострите со фолија. Земете мало парче фолија и превиткајте го најмалку 3 пати. Сечете со ножиците низ него, за неколку секунди тие ќе станат поостри.