10 причини зошто алуминиумската фолија ви е најдобриот пријател во кујната
Направете инка од фолија
Доколку се најдете со ситуација кога немате инка, а очајно ви е потребна, истата може да ја импровизирате со правење конус од алуминиумска фолија.
Ја чува храната топла
Ова е можеби најшироката примена на алуминиумската фолија. Во моментите кога ќе посакате да ја пролонгирате топлината на зготвениот оброк, едноставно покријте ја добро со фолијата.
Спречува неред во кујната
Доколку печете нешто во рерната за коешто сте сигурни дека ќе зоврие и ќе ја испрска рерната, спречете го нередот на тој начин што ќе поставите алуминиумска фолија под садот за печење, врз решетката. Таа ќе ги впие сите мрснотии, а подоцна едноставно може да ја замотате и фрлите, без да мора да чистите.
Семињата ќе израснат побрзо
Доколку сакате да посадите нешто, светлината е основниот извор за брзото прортување и растење на семињата. Еден начин да го зголемите изворот на светлина за потенцијалните растенија е да ставите алуминиумска фолија на дното од кутија за чевли и да ја поставите земјата со семињата врз фолијата.
На овој начин таа ќе ја рефлектира светлината, но и топлината врз семињата и ќе им помогне побрзо да израснат.
Може да замрзнувате храна во неа
Алуминиумската фолија која е малку подебела претставува одличен материјал за замрзнување на храната бидејќи не пропушта воздух. Заборавете на сите пластични ќеси, фолијата ќе го зачува вкусот на храната како и мирисот на истата. Може да замрзнете леб, остатоци од храна, колачиња и уште многу други работи.
(О)Милена | Црнобело