Вирален хит – Трик со кој превитканите патики ќе ги направите како нови
На Твитер вирално се прошири трик со кој луѓето си ги израмнуваат наборите и гужваните линии од патиките.
Од секојдневното носење на патиките, на нив се појавуваат набори и линии од виткање, што прави да изгледаат невкусно и старо.
Иако досега сте мислеле дека е невозможно да ги израмните наборите, сега на социјалните мрежи вирално се шири трик со кој може да успеете во тоа.
Една твитерџика објави пред и потоа фотки од нејзините патики кои изгледаат како нови без наборите, а има и видео во кое ја објаснува и покажува целата постапка.
A thread on how to get rid of your creases! pic.twitter.com/FYfERrceTZ
— Shanteldebonsu (@shanteldebonsu) April 15, 2019
Како во 4 чекори да ги израмните наборите на кожените патики?
Чекор 1 – наполнете ги патиките со чорапи/стари крпи/хартија толку многу што веќе нема да гледате набори на патиките и кога ќе притиснете на врвот на патиката, нема да мрда.
Чекор 2 – намокрете мала крпа со топла вода, а потоа исцедете ја водата (може да додадете и средство за чистење дамки)
Чекор 3 – ставете ја крпата врз наборите на патиката
Чекор 4 – неколку минути поминувајте со пегла врз крпата, но постојано подигајте ја пеглата за да не ви се стопи и уништи патиката (зависно од тоа колку се големи наборите, толку време треба да пеглате, но бидете многу внимателни).
Погледнете го видеото:
По нејзините постапки, уште неколку твитерџии го пробале трикот кој им успеал и ги споделиле резултатите:
М. М. | Црнобело