Зошто е неопходно да испрскате оцет околу прозорците?
Зимата е конечно зад нас, и пролетта која ја чекавме со нетрпение конечно ни пристигна. Топлите сончеви денови нè мамат да ги отвораме прозорците и да дозволиме пролетното ветре да го освежи просторот во кој живееме.
Сепак, низ ширум отворените прозорците, макар и кога има заштитни мрежи на истите, се случува да навлезе полен или ситни инсекти кои може да се вовлечат и низ најтесните пукнатини и агли кои се невидливи со голо око за нас.
За среќа, постои лесен начин како да ја спречите пролетната и летната наезда од инсекти во домот и тоа со прскање на пестицид во затворен простор, кој не е воопшто штетен и отровен.
Сè што треба да направите е да помешате раствор во однос 50/50 составен од обична вода и бел оцет и да го испрскате околу рамката на прозорецот. Направете го тоа и однадвор и одвнатре, доколку можете.
Како што веројатно знаете, оцетот содржи киселина што поголемиот дел од бубачките не ја толерираат и успешно ќе го спречите нивното навлегување во домот.
Доколку се прашувате што е со непријатниот мирис, имајте предвид дека откако оцетот ќе се исуши, човечкиот нос не го детектира повеќе.
(О)Милена | Црнобело