7 начини на кои ѝ го скратувате работниот век на машината за перење
Просечниот животен рок на една машина за перење е околу десет години, а истото важи и за машината за сушење како и за онаа за садови. Но, има неколку работи што сигурно ги правите, а придонесуваат овие машини да траат помалку.
Проверете колку од следните точки ќе штиклирате и погрижете се да се поправите онаму каде грешите.
Ги користите прекумерно
Секој апарат во домаќинството има предвидено работни часови при производството. Кога се работи за машини за алишта и садови, обидете се да ги пуштате максимум 8 пати неделно, за да се осигурате дека ќе ги користите барем десетина години… и да ја намалите сметката за струја.
Ги преполнувате
Ниту една машина не работи оптимално кога е преполна, а што е уште полошо, ѝ ја отежнувате работата. Ова придонесува побрзо да се оштетат нејзините механизми, а многу е веројатно и дека ќе остане вишок прашок на алиштата.
Користите премногу детергент
Употребата на детергент во количина поголема од онаа што ја препорачува производителот може да ви донесе само штета. Доколку имате високо ефикасна машина, знајте дека тие бараат уште помалку прашок за да си ја завршат работата.
Перете работи што не би требало да ги перете во машина
Патентите и жиците од долна облека може да ја оштетат внатрешноста на вашата машина. Рачното перење сигурно не ви претставува задоволство, но обидете се да ја поштедите машината секогаш кога тоа е возможно.
Не ја чистите фиоката за прашок
Кога ќе заврши циклусот на перење, прво нешто што треба да направите е да го избришете просторот каде ставате прашок и омекнувач. Ако не го направите тоа, детергентите ќе се насобираат и машината може да се затне.
Оставате предмети по џебовите
Гуми за џвакање, хартиени шамивчиња, монети, банкноти се големи непријатели на вашата машина. Тие може да го затнат одводот, и дури и да не испаднат од џебовите додека работи машината, сигурно ќе ги слушнете како удираат по внатрешноста на машината.
Не ја вадите облеката откако машината ќе заврши
Влагата може да биде голем проблем. Доколку ги оставате алиштата внатре откако ќе се исперат, освен што машината ќе почне да мириса лошо за краток период, дефинитивно ќе ѝ се скрати и животниот век.
Извадете ги алиштата веднаш откако ќе се исперат и остете ја вратичката отворена за добро да се исуши внатрешноста.
А. Ш. | Црнобело