Работи кои може да ги перете во машина, без да се уништат
Завеси за када и сунѓери за бањање
Ставете ги сунѓерите за бањање и завесите од када во машина, заедно со неколку пешкири и користете мала количина на детергент, на стандардна програма за перење.
Чизми од овча кожа и патики
Популарните чизми може да се перат во ладна вода на програма за деликатно перење, а пред да ги ставите патиките во машина, исчистете ја нечистотијата, извадете ги врвците и ставете ги во вреќичка.
Бејзбол капчиња и стегачи за коса
Овие додатоци може да ги ставите во посебна вреќичка и да ги перете на програма за деликатно перење.
Подлога за маус и копчиња од тастатура
Тастатурата и подлогата за маусот кои секојдневно ги користите собираат многу прашина и бактерии, па не треба да заборавите да ги исперете.
Ставете ги во специјална вреќичка или навлака за перница и пуштете ги на програма за деликатно перење со млака вода и сушете ги на воздух.
Додатоци за во кујна
Кујнските крпи, ракавици, силиконските подлоги, држачи за топлина, слични меки работи може да ги перете заедно во топла вода.
М. М. | Црнобело