Работи кои може да ги перете во машина, без да се уништат
Машината за перење облека може да ни помогне за перење на многу други работи, иако повеќето го избегнуваат тоа, бидејќи се плашат да не им се уништи нешто.
Секако, доколку погрешно ја користите машината за перење облека, може да дојде до расипување на истата, или пак до уништување на она што го перете.
Но, иако досега можеби не сте практикувале, можете да почнете во неа да перете многу повеќе работи кои досега сте ги переле на рака (или сте избегнувале да ги перете), но сепак, треба да бидете многу внимателни и не мора да почнете со најдрагото и најскапото парче.
Работи кои може да ги перете во машина:
Спортска опрема
Ставете ја опремата во специјална торбичка или навлака за перница, користете течен детергент и вклучете на програма за деликатно перење.
Патоси за јога и за во бања
Гумените патоси исто така мора редовно да се перат, а може да ги ставите во машина со некои пешкири и слични работи, да користите програма за деликатно перење и не мора да користите детергент.
Кадифени и пластични играчки
На играчките на децата има многу бактерии, па неопходно е да се перат, а ако немате време за поединечно, ставете ги во вреќа за перење и пуштете ги во машина со двапати помалку детергент од вообичаено.
Еко вреќи за пазарење
Еко вреќите за пазарење се одлични како замена за пластичните, но не треба да заборавите да ги перете. Ставете ги во машина, користете течен детергент, програма за деликатно перење и средна температура.