Дали кутиите за леб се навистина добри за да го зачувате лебот свеж?

Речиси и да нема домаќинство во кое нема една од оние познатите кутии за леб, во која се чуваат векните и која треба да ја зачува неговата свежина.

dali-kutiite-za-leb-se-navistina-dobri-za-da-go-zachuvate-lebot-svezh-01.jpg

Во текот на годините се објавија многу теории околу тоа дали овие кутии се навистина практични. Според едни, во нив се собираат микроорганизми кои може да се пренесат врз лебот, односно се нехигиенски. Според други, лебот побрзо мувлосува поради намалената циркулација на воздух.

Но, најновите сознанија, како што наведува сајтот „Southern Living“, се дека старата и добра кутија за леб навистина ќе го зачува подолго време свеж. Дали претпоставувате која е најлошата опција? Изненадувачки, но лебот најбрзо се расипува и мувлосува во хартиените ќеси во кои често се продава. Во нив и најбрзо се стврднува и по третиот ден, тешко може да се сече парче од него.

Пластичната амбалажа ја прави кората на лебот влажна и речиси гумена. Иако во овој случај тој трае и до 5 денови, премногу е мек и влажен, а губи и добар дел од карактеристичниот вкус.

Па, што чекате? Издезинфицирајте ја старата кутија за леб од кујната и обложете ја со хартија, а потоа таму чувајте го лебот.

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

6 совети со кои облеката ќе ви остане снежно бела како на првото носење Дали белата облека ви потемнува брзо откако ќе ја купите и веќе ја нема истата с...
Застарени парчиња мебел од кои (конечно) мора да се ослободите Пред да ја фрлите омилената фотелја, сетете се дека после години и години седење...
Цвеќарски трикови за природните букети да ви траат подолго и да изгледаат раскошно Знаевте ли дека букетот со свежо цвеќе оставен во близина на чинија со овошје ќе...
Како да ги изберете највкусните (и најквалитетните) производи во маркет? Пред да го купите кашкавалот убаво проверете дали му е бојата иста насекаде - ак...
10 работи кои треба да ги избегнувате при уредување на домот (за дизајнерите се одраз на лош вкус) Пластични цвеќиња, килими со животински принт, преголем број украсни перничиња -...
Трикови со кои фармерките ќе престанат да пуштаат боја (и да избледуваат брзо) Најпрво, уште по самото купување откако ќе ги донесете фармерките дома, важно е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg