Одмрзнување фрижидер и храна, вадење лепенки: Домаќински трикови за кои ви е потребен само фен

Веројатно никогаш не сте размислувале на другите примени на фенот, освен на сушење коса.

odmrznuvanje-frizhider-i-hrana-vadenje-lepenki-domakjinski-trikovi-za-koi-vi-e-potreben-samo-fen-01.jpg

Покрај сушењето коса, фенот може да се искористи за уште неколку работи, а посебно ќе ви се најде во домаќинството.

Со негова помош, нема да мора да чекате со часови фрижидерот да се одмрзне ако фатил мраз или пак да се мачите да одлепите некоја лепенка.

Време е да научите некои нови трикови и да ја искористите моќта на фенот:

Отстранување залепен восок на мебел

Прво извадете го вишокот восок со пластична картичка, а она што ќе остане како најтенок слој до површината дувајте го со фен, но не со претопол воздух и од преблиску.

Кога восокот ќе се стопи, соберете го со марамче.

odmrznuvanje-frizhider-i-hrana-vadenje-lepenki-domakjinski-trikovi-za-koi-vi-e-potreben-samo-fen-02.jpg

За распалување скара

Брз начин да го запалите ќумурот без многу додатоци за распалување на скара на жар.

Брзо одмрзнување на фрижидер/замрзнувач

Наместо да чекате мразот сам да се топи со часови, дувајте со фен и поставете садови и крпи во кои мразот ќе се цеди, но не заборавајте да го исклучите од струја фрижидерот претходно.

odmrznuvanje-frizhider-i-hrana-vadenje-lepenki-domakjinski-trikovi-za-koi-vi-e-potreben-samo-fen-04.jpg

Лесно отстранување на налепници

Топлиот воздух може да го стопи залепениот слој, со што лепенките од различни површини ќе може многу полесно да ги отстраните.

odmrznuvanje-frizhider-i-hrana-vadenje-lepenki-domakjinski-trikovi-za-koi-vi-e-potreben-samo-fen-05.jpg

За полесно дување душеци, балони и гуми

Наместо да се мачите да дувате со уста додека напумпате душек или гума, земете шише со отвор колку отворот за дување, исечете го на средина за да го ставите фенот и пуштете да дува ладен воздух.

odmrznuvanje-frizhider-i-hrana-vadenje-lepenki-domakjinski-trikovi-za-koi-vi-e-potreben-samo-fen-06.jpg

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...
8 минималистички трикови за среден дом (ќе ви заштедат и пари) Ако не сте во можност да купите поголем плакар во кој ќе ви ги собере сите чевли...
Мраз за чевлите, оцет за бојата на фармерките - Трикови за беспрекорен изглед на гардеробата Со пегла за коса можете набрзина да ја испеглате јаката на кошулата, а гумата за...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg