Кулинарски трикови заради кои готвењето нема да ви претставува обврска туку задоволство

Кулинарските трикови им се потребни дури и на оние кои се највешти во кујната, за да им го олеснат процесот на подготовка храна.

kulinarski-trikovi-zaradi-koi-gotvenjeto-nema-da-vi-pretstavuva-obvrska-tuku-zadovolstvo-01.jpg

Независно дали станува збор за лупење, загревање или нешто покомплицирано, секогаш е добро да имате некој трик за полесно справување во кујната.

Дури и на оние кои го сфаќаат готвењето како обврска, а не задоволство, следниве трикови ќе им бидат од голема помош.

Колку од нив ги применувате?

1. За да го излупите лукот без да направите неред, загрејте го целосно во микробранова 20 секунди. Кога ќе го извадите, лушпата сама ќе излезе.

kulinarski-trikovi-zaradi-koi-gotvenjeto-nema-da-vi-pretstavuva-obvrska-tuku-zadovolstvo-02.jpg

2. Најдобар и најлесен начин да се излупи ѓумбир е со заоблените краеви на лажицата.

kulinarski-trikovi-zaradi-koi-gotvenjeto-nema-da-vi-pretstavuva-obvrska-tuku-zadovolstvo-03.jpg

3. За рибата да не ви се лепи на скарата и да се распадне при печење, ставете ја врз неколку парчиња лимон.

kulinarski-trikovi-zaradi-koi-gotvenjeto-nema-da-vi-pretstavuva-obvrska-tuku-zadovolstvo-04.jpg

4. Повторното топлење на пицата не остава секогаш убав вкус, па за правилно да ја загреете, ставете го парчето во микробранова, а до него стаклена чаша вода за да не се исуши пицата.

kulinarski-trikovi-zaradi-koi-gotvenjeto-nema-da-vi-pretstavuva-obvrska-tuku-zadovolstvo-05.jpg

5. Ако сакате да исечете повеќе шери домати одеднаш на пола, ставете ги врз долниот дел на чинијата и поклопете ги со долниот дел на друга чинија како на сликата, а потоа полека сечете на половина.

kulinarski-trikovi-zaradi-koi-gotvenjeto-nema-da-vi-pretstavuva-obvrska-tuku-zadovolstvo-06.jpg

6. Замрзнете го малку кромидот пред да го сечете за да спречите печење на очите и солзење.

kulinarski-trikovi-zaradi-koi-gotvenjeto-nema-da-vi-pretstavuva-obvrska-tuku-zadovolstvo-07.jpg

7. Замотајте ги бананите со фолија како на сликата, за да спречите скапување и да останат свежи уште неколку дена.

kulinarski-trikovi-zaradi-koi-gotvenjeto-nema-da-vi-pretstavuva-obvrska-tuku-zadovolstvo-0006.jpg

8. Искористете скршена лушпа од јајце за да ги соберете малите парченца од лушпата кои паднале во белката.

kulinarski-trikovi-zaradi-koi-gotvenjeto-nema-da-vi-pretstavuva-obvrska-tuku-zadovolstvo-08.jpg

9. Плескавиците често се сушат кога се прават на скара, а за да се одржат сочни, ставете коцка мраз во средината и печете.

kulinarski-trikovi-zaradi-koi-gotvenjeto-nema-da-vi-pretstavuva-obvrska-tuku-zadovolstvo-09.jpg

10. За полесно сечење на месото, користете ножици наместо нож.

kulinarski-trikovi-zaradi-koi-gotvenjeto-nema-da-vi-pretstavuva-obvrska-tuku-zadovolstvo-10.jpg

11. Секогаш користете хартија за печење за полесно отстранување на колачи, леб и печива од тава по печење.

kulinarski-trikovi-zaradi-koi-gotvenjeto-nema-da-vi-pretstavuva-obvrska-tuku-zadovolstvo-11.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Домаќински трикови со кои луѓето си го олеснуваат животот (а ќе ви послужат и вам) „Секогаш купувам повеќе од што ми е потребно, односно сакам да имам шише зејтин ...
7 трикови со боја на ѕидовите за визуелно да ја смените големината на собата Знаете ли како да ја „зголемите“ собата со помош на боја? Или како да ја издолжи...
10 корисни трикови што сигурно ќе ви се најдат низ домот Како да ги закачите кошулите по перење за да не ви се истуткаат и како правилно ...
Мраз за чевлите, оцет за бојата на фармерките - Трикови за беспрекорен изглед на гардеробата Со пегла за коса можете набрзина да ја испеглате јаката на кошулата, а гумата за...
9 лесни трикови со кои ќе ја подобрите грижата за облеката Пеглата ви е валкана и остава дамки на облеката, немате доволно простор на сушар...
8 трикови што ќе ви се најдат низ домот (и ќе ви го олеснат животот) Исчистете ги влакната од миленикот со влажна дланка и исправете ги патиките со п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg