3 токсични садови за готвење кои треба да ги фрлите уште денес
Повеќето луѓе се фокусираат на здравата исхрана и состојките кои ги ставаат во тенџерето, но забораваат на најважното – материјалот од кој е направен садот за готвење.
Дури и најздравите оброци може да бидат токсични, ако ги подготвувате во сад кој испушта отровни материи.
Овие 3 садови за готвење треба да ги замените уште денес:
Тефлонски тави
Иако мислите дека нелепливото тефлонско тавче е најдобриот сад за готвење, веројатно не знаете дека содржи заштитен слој кој кога ќе се загрее над 300 степени целзиусови, испушта токсини.
Перфлуорооктанска киселина е уште една отровна компонента која се наоѓа во тефлонските тавчиња и се тврди дека може да предизвика неколку типови на рак.
Тефлонските тавчиња обидете се да ги замените со тавчиња од леано железо.
Алуминиумски садови
Алуминиумот се поврзува со неколку болести кои го оштетуваат нервниот систем, вклучувајќи го Алцхајмерот.
Најдобро е алуминиумските садови да ги замените со стаклени, огноотпорни.
Бакарни садови
Кога заштитниот слој на бакарните садови ќе се оштети, може да испушти отровни материи во храната при готвењето. А, заштитните слоеви на бакарните садови најчесто содржат никел, кој исто така е тежок, токсичен елемент.
Затоа најдобро е бакарните садови да ги замените со тенџериња од нерѓосувачки челик.
М. Д. | Црнобело