9 трикови кои ги користат искусните домаќинки за перење на облеката
Отстранете ги траговите од шминка од облеката со помош на пена за бричење
Пред да ги ставите во машината ваквите парчиња облека, прво нанесете врз флеката пена за бричење за карминот или пудрата да не навлезат во материјалот и да остане дамка.
Чорапите перете ги со студена вода
Чорапите не треба да се перат со жешка вода затоа што повеќето од нечистотиите на нив се од протеинско потекло, како на пример потта, а на високи температури таа засекогаш ќе остане во нив.
Спротивно на општото верување, перењето на чорапите на пониски температури е подобро.
Тврдокорните дамки отстранете ги со фен за коса
За да се ослободите од дамките како трева, земја, сок, прво загрејте ги со фен за коса, па нанесете мала количина детергент на тоа место.
Високата температура ќе направи детергентот да делува поефикасно.
Користете суви пешкири за да ја исушите облеката побрзо
Облеката ќе се исуши побрзо ако помеѓу редовите свежо испрана облека стојат суви пешкири, а ако нешто е влажно и ви треба итно замотајте го во сув пешкир и ставете го во машината само да се изврти. Така ќе се отстранат остатоците од влага.
С. С. | Црнобело