Ситуации во кои евтината кујнска сол се покажала како корисна
Заштитете го кашкавалот од мувла
За да спречите кашкавалот да мувлоса, замотајте го во крпа навлажнета со солена вода и така ќе трае неколку дена подолго во фрижидерот.
Исчистете ги фугите на плочките
Измешајте ½ сол, 4 литри топла вода и додадете детергент за садови. Со оваа мешавина избришете ја цела површина, а посебно внимание обрнете помеѓу плочките.
Измијте ги темелно дамките од кафе на шолјите
Земете 1 лажица сол и 1 лажица оцет, измешајте ги и ставете ги во шолја со засушени дамки од кафе или чај. Нека отстојат неколку часа и потоа вообичаено исплакнете ги.
Отстранете ги пожолтените дамки на перниците
Измешајте 1 лажица сол и ¼ шолја сода бикарбона. Истурете ја мешавината во сад со зовриена вода и оставете ја перницата или навлаката да кисне 1 час, не дозволувајќи водата да се излади.
М. М. | Црнобело