8 трикови со кои кујната нема да биде во хаос откако ќе завршите со готвење
Однапред подгответе ги сите состојки
Изведете ги сите состојки што ви требаат и ако некои се во одредена количина, како брашно, ставете ги во одделни садови за веднаш да можете да ги додавате во јадењето.
Готвењето ќе оди многу побрзо кога сè ќе ви биде при рака.
Ако ви се истури нешто, веднаш исчистете го
Ако ви се истури нешто на подот, на маста или на шпоретот, веднаш избришете го.
Доколку го оставите да се исуши, потоа ќе ви треба многу повеќе време за да го избришете.
Мијте садови додека готвите
Штом ќе завршите со некој сад додека готвите, веднаш измијте го.
Миењето ќе ви одземе само неколку секунди ако храната не е засушена, а кога ќе завршите, нема да ве чекаат куп садови за миење.
Чувајте што помалку работи на работната маса
Осигурете се дека на работната маса ќе имате доволно простор за готвење.
Па, ако готвите често, немојте да зафаќате место со декорации и непотребни работи.
Вака кујната нема да делува хаотично и целото средување ќе се одвива побрзо.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





