9 работи кои (веројатно) ги чувате во замрзнувач и е редно да ги фрлите
Оброци во пластични кутии кои не ни препознавате што се, месо со замрзната течност…
Храната што ја чуваме во замрзнувач може да трае со месеци.
Но, на некои намирници може да им се промени текстурата, па и вкусот, особено ако не биле добро затворени и мразот допрел до нив.
9 работи што сигурно ви стојат во замрзнувачот и е време да ги фрлите:
Мраз кој мириса чудно
Мразот може да го впие мирисот од другата храна во замрзнувачот и кога ќе го ставите во пијалак, сигурно ќе го почувствувате.
Штом мразот има мирис, фрлете го и направете нов.
Заборавени замрзнати оброци
Готовите замрзнати оброци траат подолго, но ако им поминал рокот, треба да ги фрлите.
Истото важи и ако се отворени повеќе од 2-3 месеци бидејќи вкусот нема да биде ист.
Зеленчук оштетен од мразот
Ако забележите дека замрзнатиот зеленчук е оштетен од мразот, фрлете го бидејќи вкусот ќе биде ужасен.
Дури и ако зеленчукот ви изгледа добро, штом е отворен повеќе од три месеци, подобро не го употребувајте.
Месо со замрзната течност
Штом месото пуштило течност, тоа значи дека некој период било одмрзнато.
И, тогаш не можете да бидете сигурни дали има бактерии или не.
Затоа, не ризикувајте и фрлете го.
Исто така, ако забележите дека има течност на целото месо во замрзнувачот, проверете дали температура ви е наместена соодветно – можеби треба да ја намалите.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





