Најчестите грешки при користење продолжен кабел (може да предизвикаат пожар)
Приклучувате продолжен кабел на друг продолжен кабел
Ако ви треба долг продолжен кабел, не експериментирајте со неколку, туку купете нов со соодветна должина.
Кога поврзувате повеќе продолжни кабли, без притоа да им го знаете ограничувањето за моќност, поголем е ризикот еден да прегрее и да настане пожар.
Не внимавате како го вадите кабелот од штекер
Кога треба да го извадите кабелот од штекер, немојте да влечете за кабелот, туку фатете го цврсто за приклучокот.
Ако го влечете самиот кабел, секогаш постои ризик да го оштетите и може дури да ве фати и струја ако е веќе оштетен.
Користите продолжен кабел за греалка
Никогаш не ги приклучувајте греалките на продолжен кабел, туку само директно во штекерот.
Најголем број од електричните пожари настануваат токму поради оваа грешка.
Купете соодветен кабел ако го користите надвор
Можеби навидум се слични, но продолжните кабли наменети за отворено се подобро изолирани.
Ако надвор ставите продолжен кабел со несоодветна заштита, во него може да влезе влага, да се оштети од сонце или временски услови и кога-тогаш да предизвика пожар.
Прочитајте и: Апарати за домаќинство кои не треба да се вклучуваат на продолжен кабел
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





