Најчестите грешки при користење продолжен кабел (може да предизвикаат пожар)
Никако не приклучувајте греалка на продолжен кабел – на овој начин настануваат повеќето електрични пожари.
Продолжните кабли се мошне практични и ги користиме сите.
Но, колку што се корисни, толку можат да бидат и опасни ако не внимавате како ги употребувате.
Најчестите грешки со продолжен кабел кои можат да ви предизвикаат и пожар:
Не ги исклучувате кога не ги користите
Ако имате мали деца или миленици, секогаш исклучувајте ги продолжните кабли од штекер штом не ги користите.
Kога се во штекерот, во нив има струја, па лесно може да настанат повреди.
Покрај тоа, секогаш постои и ризик да се сопнете.
Ги ставате под тепих
Иако мислите дека тепихот е одличен начин да го скриете продолжениот кабел, никако не го правете ова.
Ако кабелот е под тепих, веројатно ќе го настапувате често и со текот на времето ќе го оштетите без да забележите.
А, штом ќе се оштети, ризикот од пожар станува многу голем.
Користите оштетени продолжни кабли
Ако забележите и најмало оштетување на продолжениот кабел, не ризикувајте и купете нов.
Зависно од оштетувањето, продолжните кабли секако дека можат и да се поправат, но ако не се разбирате, побарајте професионалец за ова.
Вклучувате премногу работи на продолжениот кабел
Само затоа што на продолжениот кабел има 5 приклучоци, не значи дека треба да ги искористите сите.
Секој кабел има ограничена моќност која не треба да ја надминувате.
Ако не сте сигурни за моќноста на кабелот, не ризикувајте и секогаш приклучувајте, еден, најмногу два уреда.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





