Предмети во кујната што ги користите погрешно (и неефикасно)
Знаевте ли дека можете да измерите точно количество шпагети за една порција со помош на лажицата за сервирање?
Даска за сечење, нож за лупење, цедалка за тестенини - сето ова се предмети што сите ги имаме во кујна, но дали ги користите ефикасно?
Постојат многу трикови кои значително ќе ви ја олеснат работата во кујна.
Неколку од нив во продолжение:
Даска за сечење
Кога готвите, избегнувајте да користите иста даска за сечење за сè.
На даската има мали гребаници од ножот во кои лесно се акумулираат бактерии.
Па, ако сечете живо месо, а потоа марула, бактериите од месото ќе завршат во марулата.
Или темелно измијте ја даската пред секоја употреба, или користете посебна даска за месо, а посебна за зеленчук.
Нож за лупење
Во овој случај, важно е за што го користите ножот.
Ако лупите компир (со дебела кора), подобро е да го движите ножот во една насока за да бидете попрецизни.
Но, ако лупите морков, можете да го движите ножот во двете насоки и ќе завршите побрзо.
Секако, важно е ножот да биде остар.
Цедалка за тестенини
Ако ги истурате тестенините од тенџерето во цедалката, секогаш постои ризик да ви паднат во мијалникот.
Многу побезбедно е да ја ставите цедалката на тенџерето, како на фотката десно, па така да ги прецедите тестенините.
Лажица за шпагети
Ако сте како повеќето, веројатно ретко кога ја погодувате точната количина шпагети.
За да го измерите точното количество, можете да ја искористите лажицата за сервирање.
Сноп шпагети со дебелина колку дупката на лажицата е доволно за една порција.