Совети и техники кои ќе ви помогнат да се смирите среде паничен напад, според психолози
Обрнете внимание на држењето на телото
Иако можеби звучи чудно, доктор Карен Лин Кесиди вели дека луѓето кои се склони кон панични напади треба да обрнуваат внимание на држењето на телото.
Кога сме подгрбавени, дишењето не е правилно, а ова може да ја зголеми анксиозноста и со тоа ризикот од паничен напад.
„Она што го прават луѓето, исто како и животните, кога се изложени на многу стрес, се ’склопчуваат‘ и ова го отежнува природното дишење“.
Доктор Карен вели дека седењето исправени не само што го подобрува дишењето, туку има и мало влијание врз самодовербата, па го намалува стресот.
Дишете побавно
Покрај техниката со дишењето, доктор Карен истакнува дека среде паничен напад треба да избегнувате да дишете многу длабоко.
Многу луѓе кога имаат паничен напад пробуваат да го контролираат дишењето, но несвесно почнуваат да вдишуваат многу длабоко и да издишуваат многу јаглероден диоксид. Ова, пак, може да го влоши проблемот.
„Најлошото нешто што можете да го направите е да вдишете многу длабоко бидејќи со ова дополнително ќе го намалите нивото на јаглероден диоксид. Дишете бавно и нежно низ носот, што е можно потивко“.
Консултирајте се со експерт
Важно е да знаете дека можете да добиете помош за паничните напади, па и целосно да се ослободите од нив. Нема потреба да страдате во тишина и слободно консултирајте се со експерт.
Денес постојат многу опции за третмани и со добар психијатар, сигурно ќе забележите напредок.
Разговорот со експерт ќе ви помогне подобро да ги разберете паничните напади, но и причината за нивна појава.
Доколку има потреба, можно е да ви дадат и лекови со кои ќе ги контролирате симптомите додека да почнете да се чувствувате подобро.
„Паничниот напад е како некој да ви ја држи главата под вода, а вие да мислите дека никогаш нема да излезете на површина.
Симптомите можат да бидат многу изразени, па затоа многу луѓе мислат дека имаат мозочен удар, дека полудуваат, дека умираат, дека се случува нешто многу лошо“, вели доктор Карен.
Спирова С. | Црнобело