10 важни хигиенски навики, кои сите упорно тврдоглаво ги игнорираме

Сушете ја облеката добро, по перењето

Дури и само малку да е влажна облеката и така складирана на мрачно место, може лесно да ви предизвика проблем, односно да се појават спори на мувла, кои потоа се размножуваат и брзо се шират на други површини.

Затоа е потребно да бидете трпеливи, да оставите облеката да се исуши до крај и потоа да ја сместите.

10-vazhni-higienski-naviki-koi-site-uporno-tvrdoglavo-gi-ignorirame-06.jpg

Да го чистите папокот по туширањето

Папокот е дел од телото кој често е запоставен. Но, ова мало место се полни со нечистотија и бактерии брзо, па добра идеја е а го чистите најмалку еднаш неделно.

Доволно е и чистење само со памукче со многу, малку алкохол, па со памукче со вода и потоа убаво сушење со крпа.

10-vazhni-higienski-naviki-koi-site-uporno-tvrdoglavo-gi-ignorirame-07.jpg

Менување на долната облека на секои 12 часа

Долната облека е одлично место за развој на бактерии и потоа тоа води до осипи, иритација, дури и инфекции.

Затоа долната облека треба да ја менувате еднаш дневно, а некои денови дури и почесто, како што е период на менструален циклус или по интензивен физички тренинг.

Исто така, убаво е и на 6 месеци, и покрај редовното перење, комплетно да ја обновите целата ваша долна облека.

10-vazhni-higienski-naviki-koi-site-uporno-tvrdoglavo-gi-ignorirame-08.jpg

Не го носете телефонот во тоалетот

Нашите телефони се нечисти и имаат бактерии, па уште ако го однесете телефонот во тоалетот, особено јавен тоалет, и да го оставите на некоја површина, тогаш ситуацијата дополнително ќе се влоши.

Во ваков случај без разлика што вие ги миете рацете, патогените бактерии ќе се налепат на нив повторно од вашиот нечист телефон.

10-vazhni-higienski-naviki-koi-site-uporno-tvrdoglavo-gi-ignorirame-09.jpg

Четкајте ги ноктите

Од хигиенска перспектива, убаво е да ги одржувате ноктите кратки за да не се собира нечистоија и бактерии под нив.

Но, во денешно време многу жени имаат вештачки, долги нокти, па барем треба да ги четкате ноктите, односно областа околу нив, додека ви се рацете со сапуница, за да ги уништите бактериите.

10-vazhni-higienski-naviki-koi-site-uporno-tvrdoglavo-gi-ignorirame-10.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Кога паѓаат млечните заби кај децата и зошто е важна оралната хигиена уште од најрана возраст? Доколку не се внимава на млечните заби, бактериите ќе се размножуваат, што на кр...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg