Нане за главоболки, магдонос за висок крвен притисок – растенија и зачини одлични за вашето здравје
Нане
Нането ќе ви помогне да се ослободите од главоболките. Ако имате затнат нос, парата од чајот од нане може да ви биде од корист.
Цимет
Циметот помага во борбата против инфекции и ја поттикнува обновата на кожата. Неговите антивоспалителни својства можат да го намалат и ризикот од срцеви заболувања.
Се верува дека циметот може да го намали и ризикот од некои видови рак.
Камилица
Чајот од камилица може да ги намали менструалните болки, но и да ви помогне со променливото расположение тој период од месецот.
Овој чај го намалува и нивото на шеќер во крвта, а е одличен и за дијабетичарите.
Власец
Власецот има состојка што може да го подобри квалитетот на вашиот сон.
Ова растение може да има влијание и врз лачењето серотонин, со тоа ублажувајќи ги симптомите на депресија и подобрувајќи го вашето расположение.
Лаванда
Маслото од лаванда е одлично за убоди од инсекти. Истовремено, може да биде корисно за луѓе кои страдаат од анксиозност, депресија и несоница.
Маслото од лаванда е добро и во борбата со бактериските инфекции, а можете да го користите и како навлажнувач на кожа.
Како што напоменавме, овие растенија не треба да ги користите како замена за терапија препишана од лекар. Ако вашиот проблем е посериозен, најдобро е да се обратите кај лекар, наместо да се лекувате на своја рака.
Спирова С. | Црнобело