Работи што вашиот гинеколог сака да престанете да ги правите
Се извинувате бидејќи имате влакна или откажувате итен преглед заради тоа
Ако ги отстранувате влакната од интимната зона редовно, сигурно сте почувствувале несигурно ако сте биле на гинеколог „несредени“. Но нема потреба од тоа.
Влакната се сосем природни и вашиот гинеколог не го гледа тоа првпат во кариерата. Што се мора - се мора.
Не барате женски гинеколог туку го избегнувате прегледот
Некои жени се чувствуваат непријатно кога ги прегледува маж. Ако и вие спаѓате овде, немојте да се срамите да побарате да ве прегледа жена.
Без разлика која е причината за ова, имате право да одлучите кој ќе се грижи за вашето интимно здравје. Лекарите ќе го разберат ова и нема да ви судат, иако навистина нема потреба тоа да ви биде пресудно.
Не кажувате какви лекови пиете
Кога гинекологот ќе ве праша какви лекови пиете, не ве прашува од љубопитност.
Ако треба да ви препише терапија, тој мора да знае што друго внесувате во организмот, бидејќи многу лекови не смеат да се комбинираат едни со други. Истото важи и ако ве праша дали користите какви било наркотици.
Криењето на овие информации може само да ви наштети.
Ги криете вашите симптоми
Ако сакате точна дијагноза, морате да ги кажете сите ваши симптоми, без разлика колку ви е срам.
А, и нема зошто да се срамите – работата на гинекологот е да ви помогне.
Не сте искрени за вашиот сексуален живот
И ова е информација што морате да ја споделите со вашиот гинеколог, бидејќи сепак станува збор за вашето интимно здравје.
Дали сте сексуално активни, дали имате еден или повеќе партнери, дали чувствувате болка и непријатност за време на секс – сето ова се информации што ќе му помогнат на гинекологот да открие дали имате некаков проблем.
Спирова С. | Црнобело