Први симптоми на мултипла склероза кои е добро да ги знаат сите млади

Мултипла склероза е болест која често се појавува кај младите, односно најмногу случаи се дијагностицирани кај луѓе од 20-50 години.

prvi-simptomi-na-multipla-skleroza-koi-e-dobro-da-gi-znaat-site-mladi-01.jpg

Најчесто се појавува кај жените на возраст од 20-40 години, па токму заради тоа е добро да се открие во раните фази.

Симптомите на оваа болест е добро да се знаат, иако тоа не значи да бидете опседнати и да паничите на секој најмал знак кој можеби укажува на тоа.

Проблеми со очите

Проблемите со очите се еден од најчестите симптоми на мултипла склероза, а оштетувањето може да се зголеми ненадејно и се манифестира на следниот начин:

  • Едното око гледа добро, другото лошо
  • Заматеност, чувство како нешто да лета пред очите
  • Чувство дека секогаш имате нешто што треба да го извадите
  • Нејасни контури

Проблемите тешко се воочуваат, бидејќи со денешното прекумерно користење телефони и компјутери, не може веднаш да се знае од што е причината.

Неудобност во екстремитетите

  • Непријатно чувство
  • Горење
  • Затегнување на кожата
  • Трнење

Таквите чувства може да се појават на секој дел од телото – прст, зглоб, колк, образ. Треба да обрнете внимание на ова, бидејќи истите симптоми може да се појават и од долго седење во иста положба.

Секако ако ви се појават тоа не значи дека имате мултимпла склероза, но не треба да се игнорираат.

prvi-simptomi-na-multipla-skleroza-koi-e-dobro-da-gi-znaat-site-mladi02.jpg

Проблеми со мокрење

Уште еден проблем со кој се соочуваат луѓето со оваа дијагноза, иако може да биде и од други причини.

Ако пиете иста количина на течности како претходно, но одеднаш имате помалку или повеќе потреба за мокрење, добро е да проверите од каде доаѓа проблемот.

Внимавајте на:

  • Често мокрење
  • Ретко мокрење
  • Неможност за целосно мокрење
  • Ненадејна потреба за мокрење

Губење координација и баланс

Ненадејни вртоглавици, губење баланс, чудно чувство при одење се исто така едни од раните наци кои може да ви предизвикаат посериозен проблем и за кои треба да разговарате со стручно лице, бидејќи тоа се чести симптоми кои може да се предизвикани од разни причини.

prvi-simptomi-na-multipla-skleroza-koi-e-dobro-da-gi-znaat-site-mladi-03.jpg

Емоционално нарушување

Ненадејни промени на расположение, депресивни мисли, смеа и солзи без посебна причина се дел од симптомите кои исто така укажуваат на ова, но и на многу други причини.

Емоционалното нарушување е заради тоа што оваа болест ги уништува нервните влакна во мозокот, а тоа директно влијае на емоционалната позадина на човекот.

Проблеми со зборување и голтање

Проблеми кои може да се појават:

  • Несфатлив или тивок говор
  • Забавување на темпото на говор
  • Промени во гласот (отежнато дишење, остар глас)
  • Потешкотии со голтање храна и течности

prvi-simptomi-na-multipla-skleroza-koi-e-dobro-da-gi-znaat-site-mladi-04.jpg

Треперење

Многу луѓе со оваа болест го забележале симптомот на тресење на екстремитетите, што предизвикува понатамошни секојдневни проблеми за човекот.

prvi-simptomi-na-multipla-skleroza-koi-e-dobro-da-gi-znaat-site-mladi-05.jpg

Чудни чувства

Врвовите на прстите ги губат чувствата, се вкочануваат и тешко разликуваат ладна и топла вода на допир.

prvi-simptomi-na-multipla-skleroza-koi-e-dobro-da-gi-znaat-site-mladi-06.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Симптоми на мини мозочен удар што не треба да ги игнорирате Минливиот исхемичен напад неретко е знак дека наскоро може да дојде до мозочен у...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Симптоми за рак на мочниот меур кои не треба да се игнорираат Крв во урината, како и болка во долниот дел од грбот се симптоми кои можат да би...
Луѓе кои имале рак откриваат кои симптоми ги натерале да се проверат „Имав мал чир на устата што го игнорирав, но мојата мачка почна да ми ја душка у...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg