Дневна доза расположение
Со помош на здравата и разновидна исхрана не влијаеме само на нашето физичко здравје туку и на нашето расположени. Заради бројните...
...обврски, работа и семејство, често пати се случува расположението во текот на денот да ни опадне.
Бидете лукави и со помош на овие состојки подобрете го своето расположение.
1. Млеко. Млекото смирува и не прави посреќни. Ги намалува фрустрациите и тегобите. Пијте барем една чаша млеко на ден.
2. Кафе. Кафето е најпознат пијалак кој ќе не разбуди и направи среќни. Ја поттикнува работата на нашиот мозок и според истражувањата влијае на нашиот кардиоваскуларен систем.
Но, немојте да претерувате. Може да ве направи нервозни и во случај на недостиг на кофеин да имате главоболки.
3. Банани. Оние кои патат од депресија се чувствуваат многу подобро откако ќе изедат банана. Ја регулира гликозата во крват и содржи витамин Б6 кој на природен начин го подигнува вашето расположение.
4. Авокадо. Го поттикнува лачењето на серотонин кој помага во намалување на високиот притисок.
5. Ореви. Оревите долго се сметаат за храна за мозокот. Освен што се богати со омега 3 киселини, влијаат и позитивно на нашето расположение.
6. Алкохол. Не е потребно истражување за да се докаже дека алкохолот влијае на расположението.
Ако умерено консумирате влијае позитивно на депресијата, но внимавајте – во поголеми количини не е ни малку добар за физичкото и психичкото здравје.
7. Црно чоколадо. Вистински сладок извор на расположение.