Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Необични и неочекувани симптоми со кои може да се соочите во менопауза

Појава на алергии и нетолеранции

Повторно поради хормоналните промени, кај некои жени можат да се јават нови алергии или нетолеранции на одредени намирници, како алкохол.

Оние кои веќе имале алергии може да забележат влошување на симптомите, а кај некои жени се јавува и егзема.

Па, ако сте во перименопауза или менопауза и забележите нова реакција на некој продукт, најдобро избегнувајте го.

neobichni-i-neochekuvani-simptomi-so-koi-mozhe-da-se-soochite-vo-menopauza-6.JPG

Промени во текстурата на косата

Со ниското ниво на естроген може да се појават и промени во состојбата на косата.

Некои жени забележуваат дека им паѓаат повеќе влакна, кај некои косата станува потенка, кај некои посува…

Ако се соочите со овие симптоми, важно е да ја промените рутината за нега на коса со соодветни продукти.

neobichni-i-neochekuvani-simptomi-so-koi-mozhe-da-se-soochite-vo-menopauza-07.JPG

Сува кожа и чешање

Кога се намалува нивото на естроген, се забавува и производството на колаген во организмот.

Ова, пак, има влијание врз состојбата на кожата, па можно е да забележите дека ви станува посува или да чувствувате чешање.

neobichni-i-neochekuvani-simptomi-so-koi-mozhe-da-se-soochite-vo-menopauza-08.JPG

Ментален замор

Ова е ден од почестите симптоми на перименопауза и менопауза. Може да забележите дека ви е потешко да се фокусирате или мислите да ви бидат расеани.

Затоа важно е да го одржувате мозокот активен, но и да не се изложувате на многу стрес.

neobichni-i-neochekuvani-simptomi-so-koi-mozhe-da-se-soochite-vo-menopauza-09.JPG

Промени во градите

Промените во градите обично се поврзуваат со бременост, но може да се појават и за време на менопауза.

Како што се менува нивото на хромни, градите може да ви станат почувствителни, но и да забележите промена во нивната големина.

neobichni-i-neochekuvani-simptomi-so-koi-mozhe-da-se-soochite-vo-menopauza-10.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Зошто се јавуваат тикови кај деца и кога има потреба од третман? Во најголем дел од случаите, тиковите не се штетни за в...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg