Необични и неочекувани симптоми со кои може да се соочите во менопауза
Промени во сетилото за мирис и слух, многу сува кожа, појава на нови алергии – хормоналните промени од перименопаузата и менопаузата можат да влијаат врз секој дел од телото.
Перименопаузата и менопаузата се мошне предизвикувачки периоди од животот на жените.
Во организмот се јавува драстична промена на хормоните, што, пак, резултира со низа симптоми на секој дел од организмот.
Неколку необични симптоми за кои не се зборува често:
Помени во сетилото за мирис
За време на перименопауза и менопауза, можно е да забележите дека сетилото за мирис ви е променето, најчесто изострено.
Можно е да се јави и аверзија кон одредени мириси кои претходно ви биле пријатни – слично како во текот на бременост.
Чувство на печење во устата
Некои жени забележуваат и чувство на горење или печење во устата, најчесто на јазикот.
Можете да го ублажите симптомот ако пиете повеќе вода и избегнувате намирници, како лута или кисела храна, кои можат да го влошат.
Појава на стомаче
Како што се намалува нивото на естроген во организмот, можно е да забележите дека полесно се дебелеете, посебно во областа на стомакот.
Може да ви биде и потешко да се ослободите од вишокот килограми.
Единствениот „лек“ за овој симптом е повеќе да внимавате на исхраната и да бидете физички активни.
Промени во сетилото за слух
Според истражувањата, ниското ниво на естроген кое настапува во менопаузата може да има влијание врз слухот.
Поради ова, можно е да забележите мали проблеми со слухот, но и да бидете почувствителни на одредени звуци.
Кај некои жени се јавува тинитус, односно зуење во ушите.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





