10 мали животни промени со кои ќе ги намалите симптомите на анксиозност

Дајте ѝ шанса на медитацијата

Главната цел на медитацијата е да ве натера да бидете присутни во сегашниот момент.

Можеби звучи чудно, но ова може значително да ви ја смири анксиозноста.

Кога сте присутни и свесни за сегашниот момент, нема да настојувате да размислувате за проблеми, настани или што било што ви создава анксиозност.

Дури и истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно медитираат чувствуваат помалку стрес и се изложени на помал ризик од анксиозност.

Доколку не знаете како да медитирате, на Јутјуб можете да најдете бројни видеа кои ќе ве водат низ медитацијата и ќе ви помогнат да ги смирите мислите.

mali-zhivoti-promeni-so-koi-kje-gi-namalite-simptomite-na-anksioznost-07.jpg

Хранете се здраво

Адитивите во преработената и брзата храна кај некои луѓе можат да имаат влијание и врз расположението.

Не мора целосно да се откажете од омилената нездрава храна, но јадете ја поретко – еднаш-двапати неделно – и внесувајте повеќе свежи намирници.

mali-zhivoti-promeni-so-koi-kje-gi-namalite-simptomite-na-anksioznost-08.jpg

Вежбајте длабоко дишење

Плиткото и брзо дишење неретко е симптом на анксиозност. Многу брзото дишење, пак, може да предизвика и паничен напад.

Затоа, кога ќе забележите дека дишите многу брзо, одвојте минута-две за да го забавите.

Вдишувајте бавно и длабоко, задржете го воздухот 3-4 секунди, па бавно издишете.

И самите ќе забележите дека со овој начин на дишење симптомите на анксиозност ќе се ублажат.

mali-zhivoti-promeni-so-koi-kje-gi-namalite-simptomite-na-anksioznost-09.jpg

Пробајте ароматерапија

Ароматерапијата е како народен лек кој се користи со векови.

Некои мириси, како оној на лаванда, помагаат во релаксацијата, и со тоа ги ублажуваат симптомите на анксиозност.

mali-zhivoti-promeni-so-koi-kje-gi-namalite-simptomite-na-anksioznost-10.jpg

Почесто пијте чај од камилица

И чајот од камилица е вид народен лек што се користи за многу работи, вклучувајќи и релаксација.

Можеби чајот нема да ви ја излечи анксиозноста, но кога се чувствувате лошо, една шолја колку-толку ќе ве смири.

mali-zhivoti-promeni-so-koi-kje-gi-namalite-simptomite-na-anksioznost-11.jpg

Важно е да знаете дека сите овие совети не се лек за анксиозност и не би требало да се потпирате само на нив. Ако анксиозноста ви го попречува нормалното функционирање, задолжително одете на лекар за да добиете соодветна терапија.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
Што е маститис, кои се симптомите и ризик фактори за негово појавување? Маститисот на лактација, кој се појавува кога жените дојат, може да биде нависти...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg