Тура на убавина: Жените некогаш vs. денес во Македонија и уште 13 земји во светот
Од Холандија и Шведска до Индонезија и Египет, тура на убавина низ 14 земји низ светот...
Минатото е навистина фасцинантно во секој поглед, па така фасцинира и убавината на жените од тој период.
Се разбира, дека нивниот изглед бил поинаков од изгледот на денешните жени во поглед на избор на фризури и користење шминка, но и тие маѓепсувале на свој уникатен начин.
На фото-споредбата на жени од различни земји низ светот ја додаваме и Македонија.
За убавината на жените некогаш ја земаме Вера Циривири – Трена од Прилеп, која е македонска партизанка, учесник во НОБ, која живеела од 1920 до 1944 година и за убавината на жените денес - Катарина Ивановска, наш актуелен модел.