УВ ламбите се штетни и уште 9 митови за нега на нокти кои не се воопшто точни
Мит 6: УВ ламбите за гелни нокти се штетни
Зрачењето од овие ламби е минимално и не можат да ви наштетат.
Мит 7: Не треба да го протресувате лакот за нокти за да не се направат меурчиња
Всушност, треба да го правите спротивното – пред употреба протресете го лакот за нокти за добро да се измешаат состојките.
Мит 8: За да отстраните лак со светки, треба многу да ги триете ноктите
Иако и триењето со памук и ацетон кога-тогаш ќе ги отстрани светките, ова не е најефикасниот начин.
Најлесно ќе го извадите ваквиот лак ако на секој нокт ставите малку памук со ацетон.
Потоа завиткајте ги прстите со алуминиумска фолија за да го прицврстите памукот, почекајте неколку минути и лакот ќе се избрише многу лесно.
Мит 9: Можете да го носите истиот лак повеќе од две недели
Без разлика со колку квалитетен лак сте лакирани, препорачливо е да го обновите маникирот по две недели.
Лакот може да ги пожолти ноктите кога стои многу долго време.
Мит 10: Бремените жени не треба да користат лак за нокти
Лаковите за нокти се потполно безбедни и за бремени жени.
Спирова С. | Црнобело