„Најдов парфем на ZARA што е совршена копија на мојот омилен скап парфем“

„Мирисот е идентичен, не ми се верува“ – вели оваа девојка на социјалните мрежи. Погледнете за кои два парфеми се работи.

najdov-parfem-na-zara-shto-e-sovrshena-kopija-na-mojot-omilen-skap-parfem-01.jpg

Освен што може да купите елегантна облека по пристапни цени, се чини дека ZARA ги освојува девојките и со своите парфеми што се достапни за секого, а мирисаат слично со голем број од скапите оригинали.

Така на ТикТок, девојките споделуваат видеа од нивните импресии за одредени парфеми што ги купиле од ZARA по пристапни цени.

najdov-parfem-na-zara-shto-e-sovrshena-kopija-na-mojot-omilen-skap-parfem-02.jpg

Миа Ротвел, на ТикТок објави видео во кое откри дека парфемот Red Temptation на ZARA, што кај нас се продава по цена од 1.190 денари мириса идентично со парфемот Baccarat Rouge на Maison Francis Kurkdijan, што е многу поскап.

„Мирисот е идентичен, не ми се верува. Одете до ZARA и купете го парфемот. Навистина е неверојатно“ – вели Миа.

@miaarothwell Red temptation from Zara if you can find it in stock cause it’s sold out everywhere? #perfumetok #fypシ ♬ original sound - miaarothwell

Така на ТикТок се објавени и други видеа на кои може да се види дека парфемот Gardenia e замена за Black Opium, Universal Oud за Oud Fleur на Том Форд, Pink Flambe за Juicy Couture, Applejuice за Chance од Chanel, Femme за Pure Poison од Dior.

 Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
Топ 5 парфеми од ZARA за лето 2024 (и на кои познати мириси потсетуваат?) Кои 5 парфеми од ZARA се идеални за летниот период и на кои скапи дизјанерски па...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...
3 трикови со кои парфемот ќе ви трае цел ден Сигурно ви се има случено да го пронајдете омилениот парфем кој со задоволство ќ...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
Славни дами над 50 години, кои изгледаат одлично и со шминка и без шминка Салма Хајек има 57 години, а за многумина таа е поубава со чисто, природно лице,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg