Домашни трикoви за маникир кои сигурно ќе ви помогнат (видео)
Корисничка на ТикТок сподели брз трик што секако ќе им се допадне на сите оние што немаат трпение внимателно да го нанесат лакот само на површината на ноктот, но и на оние што немаат премногу време за да се посветат на маникирот.
Ако брзате некаде да одите и имате само една шанса да направите совршен маникир без да се грижите дали ќе ги налакирате и прстите околу ноктот, овој трик ќе ви биде добредојден.
Лакирањето нокти е вистинска наука, а тоа го знаат голем број жени и затоа својот маникир им го доверуваат само на професионалци.
Но, што кога не сте имале време да одите на маникир, а треба некаде да одите непредвидено? Секако можете и сами да се налакирате, а овој трик ќе ви помогне во тоа да не мора да внимавате на тоа дали ќе ги налакирате и прстите.
Една корисничка на ТикТок сподели еден брз трик што секако ќе им се допадне на сите оние што немаат трпение внимателно да го нанесат лакот само на површината на ноктот, но и на оние што немаат премногу време за да се посветат на маникирот.
Пред да почнете да се лакирате, со чепкалка за уши можете да нанесете вазелин на кожата околу ноктите и на тој начин лакот и да се размачка на прстот веднаш ќе може да го отстраните.
Погледнете го видеото:
@parabellbeauty If you struggle with painting your nails, watch this. #IFeelWeightless #longnails #nailhacks #longnails #naturalnails #lifehack #nailpolish ♬ Cherrybonbon - Kyary Pamyu Pamyu
Корисниците на ТикТок споделија и уште едно видео за брзо отстранување на гел нокти, доколку не сте во можност да одите во салон.
Потребно е само да земете длабок сад со топла вода и во неа да додадете сапун и арганово масло, а раката треба да биде потопена извесен период, по што вештачките нокти мошне лесно излегуваат.
Погледнете го видеото:
@bysugarclaws Soooo i may be changing nails everyday now? #lifehacks #nailhacks #fypppppp ♬ original sound - Haley Lane
Б. С. Б. | Црнобело