Коректор, руменило, маскара – како да ги одберете најдобрите шминки за вас?

Хајлајтер

Кога станува збор за типот на кожата, овде важи истото правило како и за руменилото – хајлајтер во прав за мрсна кожа, а кремаст хајлајтер за сува.

Кога ја одбирате нијансата, имајте предвид дека хајлајтерот треба да биде посветол од бојата на вашата кожа, но да не создава многу воочлив контраст.

korektor-ruzh-maskara-kako-da-gi-odberete-najdobrite-shminki-za-vas-06.jpg

Сенка за очи

Со сенките за очи имате поголема слобода за разлика од другите шминки, но добро би било да обрнете внимание на некои работи:

Пигментација: Проверете дали сенката за очи се познава добро на кожата – ако е бледа, подобро најдете друг бренд.

Алергиски реакции: Сечија кожа е различна, па најдобро пробајте ја сенката за очи на раката и почекајте 24 часа пред да ја купите.

Ако забележите црвенило, чешање или слично, подобро одберете друг бренд. Имајте на ум дека ова не значи дека сенките не се квалитетни туку, едноставно, не се погодни за вашата кожа.

Рок на траење: Секогаш проверувајте го рокот на траење за да ги избегнете алергиските реакции, но и да бидете сигурни дека сенката ќе има добра пигментација.

Исто така, бидејќи сенките ги користиме подолго време - некогаш повеќе и од година - осигурете се дека рокот на траење не завршува по само неколку месеци. 

korektor-ruzh-maskara-kako-da-gi-odberete-najdobrite-shminki-za-vas-07.jpg

Туш и молив за очи

Денес постојат разни типови на тушеви за очи што задоволуваат сечии потреби.

Најпрво треба да земете предвид колку сте прецизни со тушот или ајлајнерот. Ако ви оди потешко, подобро купете молив за очи (ајлајнер). Ако сте експерт за шминкање, подобро купете течен туш.

Имајте на ум и дека во лето е подобро да користите водоотпорен ајлајнер или туш кој нема да се размачка од потењето.

korektor-ruzh-maskara-kako-da-gi-odberete-najdobrite-shminki-za-vas-08.jpg

Маскара

За да ја одберете вистинската маскара, треба да знаете што сакате да постигнете со неа:

Извиткување на трепките: Ако имате долги, но прави трепки, купете маскара со малку искривена четка со која полесно ќе ги извикате.

Поголем волумен: За побујни трепки, купете маскара со погуста четка.

Дефинирање: Ако сакате само да ги истакнете вашите трепки, маскарата со гумена и поретка четка е најдобриот избор.

korektor-ruzh-maskara-kako-da-gi-odberete-najdobrite-shminki-za-vas-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg