Стресот ја побелува косата и уште 7 популарни митови за седата коса – што е вистина, а што лага?

Истражувања со глувци покажале дека стресот го намалува производството на клетките кои ѝ ја даваат бојата на косата. Сепак, потребни се дополнителни истражувања за да се утврди дали стресот има сериозно влијание врз побелувањето на косата.

stresot-ja-pobeluva-kosata-i-ushte-7-popularni-mitovi-za-sedata-kosa-shto-e-vistina-a-shto-laga-01.jpg

Иако седата коса е неизбежна за сите нас, многу луѓе, особено жените, чувствуваат несигурност кога ќе го забележат првото бело влакно. Со векови седата коса ја поврзуваме со старост, па штом ќе видиме бело влакно, мислиме дека сме остареле.

Сепак, реалноста е поразлична и за многу од митовите за седа коса нема никаков научен доказ.

Осум популарни митови за седата коса и вистината што се крие зад нив:

Ако искубете седо влакно, околу него ќе се појават нови бели влакна

Ако искубете седо влакно, на неговото место ќе порасне ново – тоа е сè што ќе се случи.

Од една фоликула расте едно влакно, па невозможно е откако ќе го искубете едното да се појават неколку нови побелени.

Останатите влакна нема да побелат сè додека не изумрат клетките со пигменти во нивните фоликули.

Сепак, препорачливо е да не ги кубете седите влакна бидејќи можете да ја оштетите целата фоликула, и со тоа целосно да престане дa расте влакно од неа.

Ако сакате да го отстраните, подобро пресечете го многу кратко.

stresot-ja-pobeluva-kosata-i-ushte-7-popularni-mitovi-za-sedata-kosa-shto-e-vistina-a-shto-laga-02.jpg

Најлесно е да ја скриете седата коса со фарба за русокоси

Ова е вистина бидејќи подраснатите бели влакна ќе бидат речиси незабележливи на руса коса.

Сепак, ако целиот живот имате темна коса, нема потреба веднаш да станува русокоса, туку офарбајте ја косата со кафеава нијанса која нема да создава многу контраст како црната.

stresot-ja-pobeluva-kosata-i-ushte-7-popularni-mitovi-za-sedata-kosa-shto-e-vistina-a-shto-laga-03.jpg

Морате да ја скриете седата коса

Ова се само некои нереални стандарди за убавина кои воопшто нема потреба да ги следите доколку не сакате.

Ако се чувствувате подобро кога ја фарбата седата коса, тогаш слободно правете го тоа. Но, не чувствувајте притисок да ги криете седите влакна со фарба.

Денес огромен број жени гордо ја носат седата коса и изгледаат одлично.

stresot-ja-pobeluva-kosata-i-ushte-7-popularni-mitovi-za-sedata-kosa-shto-e-vistina-a-shto-laga-04.jpg

Побелената коса е знак за старост

Ова не е воопшто точно – некои луѓе немаат бели влакна и по 40-тата година од животот, а некои ги забележуваат првите бели влакна уште во 20-тите години од животот.

Научниците уште не се сигурни зошто кај некои луѓе седата коса се јавува порано, но веруваат дека главниот „виновник“ се гените.

Што значи, ако вашите баби и мајка имале бела коса уште во младоста, можно е истото да се случи и со вас.

Постојат претпоставки дека можно е и проблемите со тироидната жлезда да предизвикаат појава на седи влакна. Во овој случај најдобро е да се консултирате со експерт.

stresot-ja-pobeluva-kosata-i-ushte-7-popularni-mitovi-za-sedata-kosa-shto-e-vistina-a-shto-laga-05.jpg

Недостатокот од витамини предизвикува седа коса

Како што веќе кажавме, не е позната точната причина за појавувањето на седи влакна во младоста. Сепак, некои истражувања нашле поврзаност помеѓу недостатокот од витамин Б12 и појавата на седи влакна.

Ако се сомневате дека имате недостатокот од кој било витамин, консултирајте се со вашиот лекар.

stresot-ja-pobeluva-kosata-i-ushte-7-popularni-mitovi-za-sedata-kosa-shto-e-vistina-a-shto-laga-06.jpg

Косата побелува од стрес

Експертите уште не се сигурни за ова, но резултати од некои истражувања покажуваат дека можеби стресот има некаков влијание.

Бојата на косата потекнува од клетките кои произведуваат пигмент. Како што старееме, бројот на овие клетки се намалува, па косата постепено побелува.

Истражувањата покажале дека стресот го намалува бројот на овие клетки кај глувци.

Сепак, потребни се истражувања со луѓе за експертите да бидат сигурни во ова.

stresot-ja-pobeluva-kosata-i-ushte-7-popularni-mitovi-za-sedata-kosa-shto-e-vistina-a-shto-laga-07.jpg

Претераната изложеност на сонце може да ја побели косата

Сите сме забележале дека косата ни станува посветла кога неколку денови сме изложени на многу сонце. Но, ова не значи дека вашата коса ќе побели, туку само малку ѝ се менува нијансата.

Факт е дека сончевата светлина ја суши косата и препорачливо е да ја заштитите, но засега нема доказ дека може да предизвика предвремено побелување.

stresot-ja-pobeluva-kosata-i-ushte-7-popularni-mitovi-za-sedata-kosa-shto-e-vistina-a-shto-laga-08.jpg

Честото фарбање може да предизвика предвремено побелување на косата

Хемикалиите во фарбите за коса можно е да ги оштетат клетките одговорни за нејзината боја, но не значи дека ова е случај кај сите.

Повторно, потребни се многу истражувања за експертите да бидат сигурни во ова.

Сепак, препорачливо е да бидете умерени со фарбите за коса бидејќи сепак ја оштетуваат косата.

stresot-ja-pobeluva-kosata-i-ushte-7-popularni-mitovi-za-sedata-kosa-shto-e-vistina-a-shto-laga-09.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
7 бои на коса кои ќе бидат хит во 2024-та Во 2024-та хит ќе бидат суптилните бои на коса кои изгледаат автентично, наспрот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg