Не пиете доволно вода и уште 9 причини зошто немате бујна и здрава коса
Дали ја прескокнувате маската за коса или, пак, често користите „посилни“ продукти кои содржат алкохол и слични состојки? Тогаш можеби тоа е причината зошто не сте задоволни од изгледот на вашата коса.
Кога станува збор за нега на коса, сите имаме различни потреби бидејќи сите имаме различни типови коса. Поради ова, важно е да ги откриете продуктите и третмани што најмногу ви одговараат вам.
Сепак, некои грешки при негата на косата имаат штетно влијание кај сите, па најдобро е да ги избегнувате доколку не сте задоволни од нејзиниот изглед.
10 причини зошто немате бујна и здрава коса:
Не користите регенератор или маска за коса
Регенератор и маската ја омекнуваат косата и со тоа го олеснуваат чешлањето. Тие имаат и состојки кои ја подобруваат состојбата на косата, па би требало да бидат дел од вашата рутина.
Не пиете доволно вода
Хидратацијата е важна и за вашето здравје, но и за вашиот изглед. Ако пиете доволно вода во текот на денот, и самите ќе забележите дека не само косата, туку и вашата кожа и вашите нокти ќе изгледаат многу подобро.
Користите многу силни продукти за коса
Немојте постојано да користите шампони за темелно миење на косата или професионални продукти кои се „посилни“. Избегнувајте и подруги за коса кои содржат алкохол и силикони.
Ретко одите на фризер
Редовното скратување на испуканите врвови е клучно за здрава коса. Штом врвовите ќе испукаат, нема да ви помогне ниту еден третман, освен одењето на фризер.
Ја чешлате косата многу често
Не треба да го прескокнувате чешлањето на косата, но не треба ни да претерате. Идеално е да ја чешлате косата двапати дневно – еднаш наутро и еднаш навечер.