На 7 години останала без раце и нозе, на 18 години изведува чуда со шминката

Изабел од Велика Британија, која на 7 години ги изгубила рацете и нозете вели: „Моето тело е единственото кое некогаш ќе го имам, па зошто да си го трошам животот чувствувајќи се тажно и несигурно за нешто кое не можам да го променам?“

na-7-godini-ostanala-bez-race-i-noze-na-18-godini-izveduva-chuda-so-shminkata-01.jpg

Изабел Вел е 18-годишна девојка од Велика Британија која се шминка совршено. И тоа немаше да биде чудно ако Изабел имаше раце.

Таа на 7-годишна возраст поради напад на менингитис имала ампутација на дел од рацете и нозете. Сепак, успева да направи магија со шминката, работи со познати брендови и има повеќе од 421.000 следбеници на Инстаграм.

Менингитисот е заболување кое претставува воспаление на мозочните обвивки.

devojka-18-se-shminka-sovrsheno-iako-na-7-godini-i-gi-amputirale-racete-02.jpg

Инспиративната Изабел работи и како маркетинг асистент во автомобилска компанија.

Вели дека првото видео како се шминка го прикачила на социјалните мрежи во 2018 година и добила лавина од позитивни реакции и пораки со поддршка, па така одлучила да продолжи да снима.

„Беше неверојатно! Луѓето беа воодушевени како се шминкам без раце. Потребно е многу вежбање и одлучност. Но, се исплатеше, сега имам соработка со многу брендови и ја подигнувам свесноста и им покажувам и на другите луѓе со ампутирани екстремитети дека сè е возможно“, вели таа.

devojka-18-se-shminka-sovrsheno-iako-na-7-godini-i-gi-amputirale-racete-03.jpg

Во 2010 година Изабел имала напад на менингитис, срцето ѝ сопрело и имала откажување на многу органи, па била ставена во кома. Докторите морале да ѝ ги ампутираат сите 4 екстремитети поради изгубената циркулација. Тоа траело 6 часа.

Изабел се разбудила една недела подоцна, била збунета од ситуацијата и закрепнувала со месеци. Но, го имала ставот дека штом тоа морало да се случи, треба да го прифати тоа и да продолжи понатаму.

devojka-18-se-shminka-sovrsheno-iako-na-7-godini-i-gi-amputirale-racete-04.jpg

На училиште ѝ било навистина тешко, затоа што децата знаат да ги осудуваат различностите, но по многу подеми и падови, сега се чувствува самоуверено и среќно и вели: „Моето тело е единственото кое некогаш ќе го имам, па зошто да си го трошам животот чувствувајќи се тажно и несигурно за нешто кое не можам да го променам?“

Запознајте ја инспиративната Изабел:

На следната страна видеа како се шминка...



Би можело да ве интересира:

Србинка со помош на шминка е копија на Адријана Лима Кога природната убавина ќе биде надополнета со одлична шминка, тогаш имаме вакви...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
Славни дами над 50 години, кои изгледаат одлично и со шминка и без шминка Салма Хајек има 57 години, а за многумина таа е поубава со чисто, природно лице,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg