Нокти во боја на чоколадо и карамела - хит маникир за оваа есен (фото)
Топлите бои секогаш нè асоцираат на есен, па не е ни чудно што оваа сезона најпопуларни се модните комбинации, но и ноктите со кафеави нијанси.
Од боја на млечно чоколадо и карамела, па сè до комбинација со посветли кафеави нијанси, па дури и бела боја, овие маникири се вистински хит за оваа есен.
Најдоброто е што овие нијанси изгледаат природно, па ќе стојат добро со секаква облека, во секоја пригода.
Можете да одберете една кафеава нијанса, да направите омбре ефект или француски маникир, но и да ја ослободите креативноста и да комбинирате неколку нијанси за впечатлив маникир.
Неколку одлични идеи за „чоколаден“ есенски маникир:
Спирова С. | Црнобело