Евтина домашна маска која ги „брише“ подочниците за само 10 минути

Темните кругови претставуваат огромен проблем за повеќето луѓе и на многумина им е тешко да ја намалат нивната видливост.

evtina-domasna-maska-koja-gi-brishe-temnite-krugovi-i-podocnicite-za-samo-10-minuti-01.jpg

Што го елиминира овој проблем мошне ефикасно?

Екстрактот од банана може да се најде во многу кремови за очи, главно поради големата количина на калиум во ова овошје. 

Калиумот може да помогне во хидратацијата и да го спречи задржување на водата во кожата, што е првиот чекор кон намалувањето на подуеноста и темните кругови под очите.

Покрај калиумот, бананите се полни со витамини Ц, Е, Б и А, како и антиоксиданти кои можат да ги неутрализираат слободните радикали и да ја осветлат кожата.

Како можете сами да си направите маска во домашни услови?

Со лажица отстранете го белиот дел од кората на бананата, односно „влакната“. Измешајте ги со алое вера, а доколку немате при рака, едноставно искористете го вашиот хидратантен крем.

Нанесете ја смесата во пределот под очите и оставете да делува пет до десет минути. Потоа добро измијте го лицето со млака вода и продолжете со вообичаената нега.

Напомена: Секако дека оваа маска не може да делува кај секого магично, но нема што да изгубите ако пробате.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
5 совети како да ги нашминкате ситните очи (за да ги зголемите визуелно) Тенка линија со тушот, светла сенка или коректор на внатрешната страна на окото ...
9 (ризични) фризури кои не им стојат добро на сите Многу кратката боб фризура ќе треба постојано да ја стилизирате, а и се чини дек...
Шминкерски трик за суптилен изглед на руменилото е хит на социјалните мрежи – Знаете ли што е „Dewy ... Овој трик ќе ви помогне да блескате однатре, според светски познатата шминкерка ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg