Парфемот подолго време ќе го задржи мирисот - Козметички производи што треба да се чуваат во ладилник

Голем број од нас веруваат дека козметичките производи треба да се чуваат во бањата или во тоалетната масичка во спалната соба, но треба да знаете дека изложувањето на висока температура, влажноста и топлата пареа може да влијаат врз квалитетот на вашите омилени производи.

parfemot-podolgo-vreme-kje-go-zadrzhi-mirisot-kozmetichki-proizvodi-shto-treba-da-se-chuvaat-vo-ladilnik-01.jpg

Во продолжение погледнете листа на производи што би требало да ги чувате во ладилник:

Природна козметика

Најголем дел од козметичките производи содржат состојки што ги штитат од расипување доколку ги чувате на собна температура, но доколку сте од оние што за себе избираат органска или природна козметика тогаш треба ваквите продукти да ги чувате во ладилник.

Истото правило важи и за сите производи што ги правите сами од природни состојки. Поради тоа што немаат додатоци, ваквите производи може да се расипат за само неколку часа, па затоа се препорачува да се чуваат во фрижидер.

parfemot-podolgo-vreme-kje-go-zadrzhi-mirisot-kozmetichki-proizvodi-shto-treba-da-se-chuvaat-vo-ladilnik-02.jpg

Козметички производи со активни состојки

На самите упатства за употреба на козметичките производи за убавина штo содржат активни состојки како ретинол, витамин C и пептиди пишува дека треба да ги чувате на ладно место. Доколку ги ставите во ладилникот ќе ги заштитите производите од тоа да ја загубат својата ефикасност.

Ова правило важи и за производите што во себе содржат пробиотици.

parfemot-podolgo-vreme-kje-go-zadrzhi-mirisot-kozmetichki-proizvodi-shto-treba-da-se-chuvaat-vo-ladilnik-03.jpg

Крем за очи

Кремите за очи исто така треба да се чуваат во ладилник. Прво затоа што ниските температури при нанесувањето ќе придонесат за стеснување на крвните садови и ќе ви помогнат за намалување на отоците околу очите.

Доколку сте од оние што сакаат да нанесуваат студени производи на лицето, во ладилник можете да ги чувате и кремот за лице и козметичките спрејови.

parfemot-podolgo-vreme-kje-go-zadrzhi-mirisot-kozmetichki-proizvodi-shto-treba-da-se-chuvaat-vo-ladilnik-04.jpg

Парфем

Сте забележале ли дека со текот на времето мирисот на вашиот омилен парфем како да се губи. Тоа што вашиот омилен парфем ќе го чувате во ладилникот ќе ја пролонгира ефективноста на активните состојки во него.

Исто така на овој начин ќе го заштитите парфемот од изложеност на сонце и високи температури со што ќе го спречите испарувањето.

parfemot-podolgo-vreme-kje-go-zadrzhi-mirisot-kozmetichki-proizvodi-shto-treba-da-se-chuvaat-vo-ladilnik-05.jpg

Козметички маски за лице

Козметичките маски за лице, особено оние што се на база на гел – треба да се чуваат во ладилник. Ниските температури ќе им овозможат на маските да ви помогнат во стеснувањето на ситните капилари на лицето и во намалување на црвенилото.

parfemot-podolgo-vreme-kje-go-zadrzhi-mirisot-kozmetichki-proizvodi-shto-treba-da-se-chuvaat-vo-ladilnik-06.jpg

Моливчиња за очи

Тврдите и меки моливчиња за очи добро е да ги чувате во ладилник или да ги ставите таму 10-тина минути пред да ги користите. На овој начин тие ќе се стврднат и ќе бидат полесни за нанесување.

parfemot-podolgo-vreme-kje-go-zadrzhi-mirisot-kozmetichki-proizvodi-shto-treba-da-se-chuvaat-vo-ladilnik-07.jpg

Кармини и балсами за усни

Најголемиот број кармини и балсами за усни се направени од козметички восок. На високи температури може да се случи овие производи да се стопат.

Доколку сакате да ги вратите во употреба, сè што треба да направите е да ги ставите во фрижидер. Ќе ви биде потребен околу 1 час за карминот повторно да можете да го користите. За да избегнете вакви ситуации, најдобро е да го чувате во ладилник.

parfemot-podolgo-vreme-kje-go-zadrzhi-mirisot-kozmetichki-proizvodi-shto-treba-da-se-chuvaat-vo-ladilnik-08.jpg

Во ладилник не треба да се чуваат производите на база на глина, регенератори за коса, како и сите производи што се на база на масла, како серуми. Исто така, во ладилник не треба да ги чувате лаковите за нокти – со текот на времето само ќе се згуснат и ќе станат потешки за нанесување.

Б. С. Б. | Црнобело/ Фото: freepik.com/ pexels.com

Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
Бизарен ТикТок тренд: Зошто девојките низ светот почнаа да спијат со лепенки и стегачи на лицето? „Колку погрд ќе си легнеш, толку поубав ќе се разбудиш“ е мотото на инфлуенсерки...
„Го открив парфемот на ZARA заради кој мажите ме застануваат на улица за да разговараат со мене“ „Заради овој парфем мажите буквално ме запираат на улица. Неверојатно е“ – девој...
Ивона Јо - девојка на чие лице прилега секоја фризура (фото) Од русокоса со залижана момчешка фризура до бринета со разиграни локни, на цртит...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg