Никогаш не држат диета и уште 9 навики поради кои Италијанките се толку згодни

Без газирани пијалаци

Многу ретко ќе ги видите Италијанките како консумираат некој газиран пијалак. Можеби минералната вода доаѓа предвид, но најчесто преферираат да пијат бело или црно вино.

nikogash-ne-drzhat-dieta-i-ushte-9-naviki-poradi-koi-italijankite-se-tolku-zgodni-02.JPG

Нема брза храна, ниту ужинки

Италијанците ретко грицкаат помеѓу оброци, ниту пак се љубители на типичната брза храна. Генерално, после вечерата, не јадат речиси ништо. Оние пак кои не може да издржат без ужинка истата ја сведуваат на малку овошје.

Пицата не е за секој ден

Во Италија, пицата е тип на храна кој се јаде за време на викендот кога излегувате со друштвото. Исто така, вистинската пица за Италијанците подразбира тенко тесто, домашен доматен сос, богата со различни видови на сирење или кашкавал и зеленчуци, што сама по себе носи многу помалку калории, а е похранлива и богата со растителни влакна, за разлика од типот на пици на кои ние сме навикнати.

Лесна вечера

Последниот оброк во денот за секоја Италијанка е некое лесно јадење. Типичната италијанска вечера опфаќа супа – минестроне, мала порција со месо или паста, сервирана со мала порција на сирење и зеленчук.

nikogash-ne-drzhat-dieta-i-ushte-9-naviki-poradi-koi-italijankite-se-tolku-zgodni-03.JPG

Нема место за диети

Италијанците дефинитивно не ѝ припаѓаат на групата на нации опседнати со диети и режими на исхрана. Доколку сакате да ослабите, следете ги нивните примери и навики за исхрана, избегнувајте пржена храна, користете почесто домашен доматен сос, свежи зеленчуци и секако, не заборавајте на малите порции.

И немајте грижа на совест додека јадете, само уживајте.

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Совети за нега на стапала на студено време + маски што можете да ги направите дома Купката со топла вода, и тоа само неколку минути дневно, може да ви направи знач...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Фото-докази: Како нагласените усни или очи целосно го менуваат ликот? Скарлет Јохансон, Ирина Шајк и Ева Лонгорија се дел од познатите дами кои изглед...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
Штипките во форма на цвет се летен хит – идеи како да ја фатите косата со нив (фото) Верувале или не, ретро штипките во форма на цвет се вистински хит за лето 2024 –...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg