12-годишно девојче има толку несекојдневна убавина што луѓето мислат дека е фотошопирана (фото)
Необичниот изглед на ова девојче ги остава сите со подзината уста. Нејзиното име е Амина Епендијева. Таа има само 12 години, доаѓа од Чеченија и многу брзо стана познат светски модел.
Ја открила фотографка, која откако споделила фотка од Амина на Инстаграм, истата добила над 10 илјади допаѓања.
Оние кои пак ја виделе фотографијата биле убедени дека истата е обработена во Фотошоп, но луѓето кои ја познаат малата Амина потврдиле дека таа е уште поубава во живо. Амина е албино, а албино моделите не се реткост, меѓутоа оваа 12-годишна нетипична убавица е посебна и по различната боја на очите.
Амина е комбинација од два феномени: албинизам и хетерохромија. Кај албинизмот телото речиси и да нема мелатонин кој им е потребен на косата и очите, додека хетерохронијата се манифестира со различна боја на очите.
Кога природата решила да те надари со нешто специфично во поглед на физичката убавина, резултатот изгледа вака:
(О)Милена | Црнобело