Спас за подраснати нокти: Како сами да си го коригирате гел лакот? (видео)

Креативните умови на социјалните мрежи откриваат трик како сами да го покриете подраснатиот дел од ноктот до следната корекција – на сите ни е потребен, зарем не?

spas-za-podrasnati-nokti-kako-sami-da-si-go-korigirate-gel-lakot-video-01.jpg

Најголема мака на жените им е кога ќе им подраснат ноктите и мора да чекаат до следната корекција на гел (лак).

Никој не сака да гледа во несредени нокти, но сепак, на сите ни се случува неколку дена да шетаме со подраснати нокти до закажаниот термин.

Но, за да не се најдете во непријатна ситуација и да не оставите впечаток на несредена жена, за среќа постои трик кој ќе ве спаси во овие моменти.

Креативните умови на социјалните мрежи откриваат како сами да го покриете подраснатиот дел од ноктот и никој да не забележи.

Потребен ви е само обичен лак за нокти, со големи светки и густина, кој ќе го нанесене на подраснатиот дел, а потоа со чиста четкичка ќе го разнесете низ гелот. И - добивате омбре маникир. 

Видео туторијал кој ќе ви биде од корист до следната корекција на нокти:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Млечни нокти“ - тренд на кој нема да можете да му одолеете (фото) За оние кои често ги менуваат формата и бојата на ноктите, новиот тренд „млечни ...
„Какви нокти очекував, а какви добив“: Жени споделуваат „хорор“ искуства од салони за маникир Искривени нокти, шкртаници наместо квалитетен дизајн, излупен лак... Жени ги спо...
Сите нијанси на жолто - Идеи за пролетен маникир Металик или мат, нежна како банана или силно жолта... Која нијанса и стил се ваш...
Шминкерски трик за суптилен изглед на руменилото е хит на социјалните мрежи – Знаете ли што е „Dewy ... Овој трик ќе ви помогне да блескате однатре, според светски познатата шминкерка ...
5 забавни идеи за син маникир, идеален за студените зимски месеци Син маникир што се прелева - Хит оваа сезона е сината боја што ќе се прелев...
40 идеи за летен маникир на кратки нокти (фото) Некои девојки и жени не се љубители на долгите нокти, но тоа не значи дека не мо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg