Македонка што живее во Бразил: „Кои се најбизарните навики за убавина на Бразилките?“ (вознемирувачко фото)

„Живеам во мал град во Бразил... Од лепење изолир трака за сончање и абдоменопластика за да имаат рамен стомак до гордеењето со тоа какви и колку скапи пластични операции направиле... Што ми е најчудно во навиките за убавина на Бразилките? Преку фотки и видеа ви доловувам некои од нивните бизарни навики, меѓу кои и многу болни операции за убавина...“

makedonka-shto-zhivee-vo-brazil-koi-se-najbizarnite-naviki-za-ubavina-na-brazilkite-voznemiruvachko-foto-01.jpg

Бразилките се едни од најатрактивните и најпровокативните жени во светот кои гордо ги нагласуваат своите облини. Со чоколаден тен и руси коси, во тесни и кратки парчиња облека или минијатурни бикини, тие навистина знаат да измамат погледи и секогаш да бидат во центарот на вниманието.

Бразилците како народ посветуваат многу внимание на својот изглед, трчање во парк или на плажа, секојдневни тренинзи во теретана и редовни посети на салоните за убавина. На секој чекор во нашиот мал град во Сао Пауло, но и низ целата бразилска територија има теретани и фризерници на чии излози има слики од русокоси, а тие убедуваат дека се најдобрите за фарбање на традиционално црната бразилска коса во руса.

Но, ништо од тоа не ми беше толку чудно колку сончањето со бикини направени од изолир трака.

Marqinha de fita или трага од бикини

Постојат салони за сончање во кои клиентите добиваат бикини направено од изолир трака и кое се лепи директно на нив. Со траката од изолир тие ја добиваат совршената трага од бикини, а за нив тоа е симбол на сексапил. Темен тен, со навистина контрастна, светла трага од костим за капење.

hit-vo-brazil-soncanje-so-izolir-traka-02.jpg

Со часови тие лежат на кревет за сончање, на директно сонце, и тоа, барем за мене беше пеколно сонце, во Бразил живата го поминува 50-иот степен на термометарот. А цената на овие сончеви третмани се движи од 600 до 1.200 денари во зависност од градот и секако со голем ризик рак за здравјето, но според нив вреди за убавина.

hit-vo-brazil-soncanje-so-izolir-traka-03.jpg

За да се постигне таа совршена линија и чоколаден тен се мачкаат со сок од портокал и цвекло. На бразилскиот ТикТок можат да се видат секакви видеа на кои тие гордо се фалат со својата „marqinha de fita“, а колку е поизразена, толку е посексапилна.

@jessicacoutiinho

Já fez sua marquinha hoje?✅??. #bronze #marquinhaok #marquinha #sol #praia #eleiçao2020 #foryou #treino #fp #follow #foryoupage

♬ som original - Jessica Coutiinho

Минатото лето хит беа и мали тетоважи, па во склоп со бикините од изолир правеа и пеперутки, срциња, скорпии и плејбој зајчето. Очигледно, нивната креативност не познава граници.

Зависници од пластични операции

Според Интернационалното здружение за естетички пластични операции ISAPS, Бразил е број еден по извршени пластични операции поради естетика. Зад него се САД и Мексико, а потоа следуваат Германија и Колумбија.

hit-vo-brazil-soncanje-so-izolir-traka -04.jpg

Бразлките ги обожаваат своите облини, а се прилично надарени со големи задници, па затоа, изгледот многу често го надополнуваат со силиконски гради. Најевтините силиконски гради чинат околу 1.800 реали или 18.000 денари, а многу клиники им дозволуваат да платат на рати. Па, така, ќе влезе во долг, ама ќе биде биде средена и испластифицирана.

Целата пандемија ја поминав во Бразил, па често, многу често гледав реклами за абдоменопластика, која по карантинот, доби огромна популарност меѓу Бразилките кои сакаа брзи стомачни мускули без потење.

@polyanaalmeida86

#Lipoescultura #abdominoplastia #mastopexia com prótese

♬ som original - Denise

Она што мене ми е супер чудно е што правењето на овие пластични корекции на телото таму се смета за статус, и гордо кажуваат дека биле на операции и колку потрошиле.

Абдоменопластиката чини помеѓу 10 и 20.000 реали односно 100.000 до 200.000 денари, во зависност од градот, начинот на оперирање, третмани и тежина. Најевтината варијанта е само средување на стомакот, па изгледа прилично вештачки и за мене, смешно.

И овие операции се навистина болни, со неколкудневни дренажи, облека која затегнува и специјална исхрана, но што би рекле старите, трпи моме за убавина.

@ivonekuczkowskicosta

#lipoescultura #silicone #abdominoplastia

♬ Edimito - Gabrielle.milane

Русокоси со црн корен

Јавна тајна е дека Бразилките сонуваат да бидат русокоси, па знаат добро да искешираат на фризерот кој ќе им вети дека нивната црна и густа коса ќе биде руса и златникава.

За да успеат да бидат русокоси, плаќаат и по неколку сесии на бланширање, фарбање и одржување, па сето тоа, моја познаничка од Бразил ја чинеше околу 1.000 реали, или околу 10.000 денари.

Оние пак кои имаат густа и виткана коса, сакаат долга и прва, па често одат на трајно пеглање со многу хемикалии, кое е убаво во првите два месеци, а потоа коренот повторно се витка и е вистински хаос.

И да додадам дека секогаш се со средени нокти, бидејќи во секоја втора гаража има импровизиран салон. Лакирање чини околу 20 реали или 200 денари, но се навистина добри и креативни, а некои дури и дома доаѓаат.

Природни убавици или под нож, темнокожи, светлокожи, русокоси, бринети, секоја Бразилка е убава на свој начин, со доволна доза егзотика, а најубавото во нив е нивната самодоверба која едноставно зрачи и блика. Знаат да бидат секогаш доволно провокативни, и во кратки панталончиња, и во долги фустани, а посебно кога танцуваат, тоа е нивниот начин за заведување.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови  и фотографии е казниво со закон.

И. Ј.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за маникир со панделки: Тренд што ги освои инфлуенсерките Може да ставите панделка на целиот нокт, на одредени нокти, да направите францус...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...
Идеи за сладок маникир во духот на велигденските празници Зајачиња, јајца, цветови, пиленца, разиграни бои... идеите се многу, погледнете ...
Третмани за убавина кои треба да ги направите пред одмор за да изгледате совршено на плажа Депилација наместо бричење и гелни нокти наместо обичен лак – кои третмани ќе ви...
14 најголеми трансформации на светските модели низ годините (фото) Ирина Шајк, Наоми Кемпбел, Кејт Мос... Колку се смени ликот на познатите манекен...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg