Колку се променија трендовите за убавина изминативе 100 години?

Трендовите се менуваат од сезона во сезона, но постојат и трендови кои доминираат и по неколку години.

kolku-se-promenija-trendovite-za-ubavina-izminative-100-godini-01.jpg

Неретко, пак, она што било хит пред неколку децении, повторно станува тренд и почнуваме да го посакуваме, дури и ако претходно сме се потсмевале.

Во продолжение погледнете колку се променија трендовите за убавина во последниов век:

Фризури

Во 1920-тите боб фризурата, неретко со шишки, беше најголемиот хит. До 1960-тите една од најпопуларните фризури беше собрана коса со пуштени, брановидни шишки.

Во 1980-тите локните и генерално волуменозните фризури беа сеприсутни. Денес девојките се похрабри кога станува збор за изгледот, па доста често гледаме впечатлива боја на коса, како зелена, розова, сина… Истовремено, голем број девојки и жени креваат раце од долгата коса и преферираат кратки фризури.

kolku-se-promenija-trendovite-za-ubavina-izminative-100-godini-02.jpg

Лице

Во 1930-тите скоро сите жени носеле руменило кое го нанесувале поблиску до ушите. Иако пегите се популарни и денес, веројатно првпат станале хит во 1960-тите – и тој период девојките и жените неретко си цртале пеги.

Во 1990-тите сите сонуваа за порцелански тен, па неретко се користеше многу светла пудра. Денес покрај контурирањето, многу девојки негуваат и поприроден изглед.

kolku-se-promenija-trendovite-za-ubavina-izminative-100-godini-03.jpg

Веѓи

Во 1930-тите жените сакале многу, многу тенки веѓи, кои обично ги цртале со моливче. Во 1950-тите најпопуларни биле густите веѓи, за во 1990-тите повторно да станат хит екстремно тенките веѓи. Денес можеби најпопуларни се густите, некогаш и „бушави“ веѓи. Односно, веѓи што изгледаат што е можно поприродно.

kolku-se-promenija-trendovite-za-ubavina-izminative-100-godini-04.jpg

Очи

1920-тите ги обележа нападната шминка, особено таканаречените „зачадени очи“. Во 1950-тите се негуваше поприроден изглед, а во 1980-тите хит беа сенки со впечатливи бои.

Иако денес повторно е популарен природниот изглед, доста често гледаме експериментирање со разни бои и форми кое ги претвора очите во мали ремек-дела.

kolku-se-promenija-trendovite-za-ubavina-izminative-100-godini-05.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Нагласени очи, многу руменило: Шминката од 1990-тите повторно станува хит (фото) Ако ви се допаѓа впечатливата шминка од 90-тите години на минатиот век, имаме до...
4 фризури со шишки кои изгледаат добро на секаков тип коса Овие видови шишки прилегаат и на жени со права, но и на жени со прекршена и кадр...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Краставица против црвенило и 7 трикови за убавина за секоја пригода Стапалата на нозете ви се груби, а турпиите и кремовите не ви помагаат? Треба са...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg