Не ја мијте со жешка вода и уште 8 совети за здрава и сјајна бела коса

Сè повеќе жени се откажуваат од фарбите и не само што ја прифаќаат, туку и гордо ја носат нивната седа коса.

9-ednostavni-soveti-za-zdrava-i-sjajna-bela-kosa-01.jpg

Ова е одлично бидејќи покажува дека жените се чувствуваат удобно во своја кожа, полни се самодоверба и не им подлегнуваат на (нереалните) стандарди за убавина. Како бонус во целата ситуација е фактот дека белата коса им стои одлично на буквално сите жени.

Ако и вие кренавте раце од фарбите И гордо ја носите вашата бела коса, сепак треба да знаете како правилно да се грижите за неа. Белата коса е покршлива и може да го изгуби својот сјај, па неретко бара поголема нега.

Затоа, погледнете како најдобро да се грижите за вашата бела коса:

Користете шампон за руса коса

Овие шампони ја неутрализираат жолтата нијанса што може да се појави кај фарбаната руса коса, но можат и вам да ви бидат од корист.

Белата коса со текот на времето може да добие жолтеникава нијанса од надворешните влијанија, па ако не ви се допаѓа, еднаш или двапати неделно миете ја со шампон за руса коса.

9-ednostavni-soveti-za-zdrava-i-sjajna-bela-kosa-02.jpg

Миење во три чекори

Кога користите и шампон за руса коса, мијте ја косата во три чекори – прво нанесете го шампонот што го користите вообичаено, потоа шампонот за руса коса и на крај ставете маска или кондиционер.

Користете продукти погодни за вашиот тип коса

Ако имате многу сува коса, користете шампони за сува коса и нанесувајте поголемо количество маска или кондиционер. Ако имате коса која лесно се мрси, користете шампон за мрсна коса, а ставајте многу малку маска или кондиционер.

Избегнувајте третмани со топлина

Користете фен и пегла за коса што е можно поретко. Кога, пак, ќе ги користите, задолжително нанесете спреј за заштита од топлина.

9-ednostavni-soveti-za-zdrava-i-sjajna-bela-kosa-04.JPG

Маски за хидратација

Белата коса може да биде посува, па важно е да ја хидрирате. Ова можете да го правите и со домашно направени маски.

На пример, можете да си направите маска од мед и капини – измешајте две лажици мед и една шолја капини и изблендирајте ги. Ставете ја маската на косата, оставете да делува 20 минути и исплакнете. Доволно е да ја користите маската еднаш неделно.

Можете да користите и масло, како кокосово, арганово и слично.

Заштитете ја од Сонце

Белата коса е поподложна на оштетување од ултравиолетовата светлина, па добро би било да ја заштитите. Денес лесно можете да најдете спрејови за коса со УВ фактор, а кога е многу топло најдобро е да носите шешир или капа за да го заштитите и скалпот.

Редовно одете на фризер

Дури и ако сакате да ја растете косата, потрудете се да одите на фризер на 1-2 месеци за да ви ги скратат оштетените врвови.

Вака косата ќе изгледа многу подобро, нема да ви се заплеткува и нема да ја кинете кога ја чешлате.

9-ednostavni-soveti-za-zdrava-i-sjajna-bela-kosa-05.jpg

Не ја миете со многу жешка вода

Најдобро е да ја миете косата со млака вода, а ако можете да издржите, на крај исплакнете ја и со студена.

Набавете свилени навлаки за перница

Како што напоменавме, белата коса е покршлива, а памучните навлаки можат дополнително да ја оштетат поради триењето.

Свилените навлаки, од друга страна, се понежни и речиси и да не се создава триење додека спиете на нив, па дефинитивно се подобри за вашата коса.

9-ednostavni-soveti-za-zdrava-i-sjajna-bela-kosa-06.JPG

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...
Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg