Храбри девојки и жени откриваат: „Кога и зошто одлучив да престанам да ја фарбам белата коса?“

„Ја фарбав косата скоро 24 години откако наполнив 16 и ми се појави првото бело влакно. Одржувањето не ми беше воопшто лесно. Но, побарав инспирација на Инстаграм и сега ја немам офарбано косата 9 месеци. Иако некогаш се фрустрирам поради белите влакна, се чувствувам послободно и драго ми е што не сум толку опседната со косата“.

ova-sum-vistinskata-jas-10-devojki-i-zheni-otkrivaat-kako-i-zoshto-ja-prifatile-svojata-bela-kosa-07.jpg

„Поминаа скоро три години откако престанав да се фарбам и многу сум радосна за тоа. Секојпат кога одам на фризер добивам комплименти за мојата природна боја, а кога сум излезена многу жени кои сакаат да престанат да се фарбаат ме прашуваат за мојата коса. Горда сум на сите жени што се прифатиле такви какви што се“.

ova-sum-vistinskata-jas-10-devojki-i-zheni-otkrivaat-kako-i-zoshto-ja-prifatile-svojata-bela-kosa-08.jpg

„Со белата коса се чувствувам послободно и го покажувам моето вистинско јас. Јас сум убава. Јас сум жена која старее грациозно. Со тоа што се сакам себеси и сум своја, им помагам и на другите девојки и жени да го направат тоа“.

ova-sum-vistinskata-jas-10-devojki-i-zheni-otkrivaat-kako-i-zoshto-ja-prifatile-svojata-bela-kosa-09.jpg

„Пред речиси три години одлучив да престанам да се фарбам. Се погледнав во огледало и се запрашав што ќе се случи ако престанам да се фарбам. Прво не можев да се помирам со помислата дека ќе изгледам ’постаро‘. Но штом ми порасна косата, ја засакав. Сега имам и повеќе самодоверба од претходно“.

ova-sum-vistinskata-jas-10-devojki-i-zheni-otkrivaat-kako-i-zoshto-ja-prifatile-svojata-bela-kosa-10.jpg

„Бев навистина емотивна кога решив да престанам да се фарбам. Тогаш дури и се расплакав во фризерскиот салон. Неверојатно е колку самодовербата може да зависи од вашата коса. Сега сето тоа ми е смешно и знам дека допрва ме чека вистинска среќа“.

ova-sum-vistinskata-jas-10-devojki-i-zheni-otkrivaat-kako-i-zoshto-ja-prifatile-svojata-bela-kosa-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

14 познати жени чиј лик целосно се трансформираше откако ја сменија бојата на косата (фото) Ники Минаж црната коса ја замени со руса, во нијанса на мед, а Хилари Даф русата...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
18 жени кои целосно се трансформираа откако ја сменија фризурата (фото) Дали сте од оние жени кои често ја менуваат фризурата и бојата на косата, или по...
7 работи кои прават да изгледате постаро отколку што сте навистина Темен лак за нокти кој ви ги нагласува несовршеностите на рацете и прстите, обле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg