Храбри девојки и жени откриваат: „Кога и зошто одлучив да престанам да ја фарбам белата коса?“
Сè повеќе жени одлучуваат да се откажат од фарбите за коса и гордо да ја покажат својата бела коса, без разлика на нивната возраст.
Поради ова, веќе постои цело онлајн движење, познато како Grombre, кое им помага на жените да ја прифатат својата бела коса и да ги споделат нивните искуства. Движењето има Инстаграм профил, како и веб-сајт, каде што редовно се споделуваат инспиративните приказни од жени кои се гордеат со својата бела коса.
Според веб-сајтот, на почетокот Grobmre била само мала Инстаграм заедница, која набрзо се претворила во цело движење:
„Веруваме дека постојат многу поважни нешта во животот од стандардите за убавина кои сите жени се присилени да ги следат“.
Основачот на движењето е 28-годишната Марта Смит која се откажала од фарбите за коса кога имала 24 години.
Вo 2106-та таа го направила Инстаграм профилот Grombre со цел да ги инспирира другите жени да се прифатат себеси и, очигледно, ја постигнала својата цел.
Во продолжение погледнете дел од инспирираните приказни кои жените ги сподели со оваа заедница:
„Кога имав 21 година, сестра ми беше дијагностицирана со рак и речиси веднаш ми се појави првиот бел прамен коса. Ја изгубивме сестра ми неколку години после дијагнозата. Набрзо потоа, и мајка ми беше дијагностицира со рак, татко ми имаше инфаркт, а јас направив мастектомија. Со сите овие настани, ми се појавија уште бели влакна.
Поминав многу години обидувајќи се да ги скријам. Но, пред 9 месеци си реков дека е доста. Повеќе немам време ни трпение да ги кријам белите влакна. Сум преживеала многу полошо од тоа да го разочарам општеството што не ги исполнувам стандардите за убавина. Сега, на 31 година, ја прифаќам мојата побелена коса. Јас сум воин, а белите влакна се моите лузни“.
„Првите бели влакна ми се појавија на 13-годишна возраст. Ја фарбав косата и во моите 20-ти, и во моите 30-ти. На 39 години, со помош на мајка ми, се охрабрив да ја оставам белата коса и сега многу ја сакам! Оваа фотка е со мама“.
„Никогаш немав доволно самодоверба за да ја оставам косата природна. Ги покривав белите влакна уште кога првпат ми се појавија на 23 години. Кога наполнив 40, сопругот ми рече дека треба да престанам да се фарбам. Му реков дека не сум подготвена, и тој го почитуваше тоа, но ме замоли барем на 50 години да ја оставам косата природна.
Ако го направам тоа, ќе ме однесе на патување. Се согласив, си го исполнив ветувањето, а исто и тој, и откако ѝ дозволив на мојата природна коса да заблеска, ми се чини дека заблеска и мојата душа“.
„Првите бели влакна ми се појавија на 11 години, а кон крајот на тинејџерските години почнав да ја фарбам косата црна. Иако не ми пречеа белите влакна и ми се допаѓаа во комбинација со црна фарба, не познавав никој на моја возраст со бели влакна.
Поради ова, ми беше страв да ја покажам вистинската коса, сè додека не наполнив 30. Сега посакувам порано да сум се откажела од фарбањето. Се чувствувам многу ослободено и го сакам мојот уникатен изглед“.
„Ја фарбам косата уште од мои 20-ти години. Никогаш не ја погодував бојата, корените почнуваа да ми се познаваат по само една недела и, генерално, ми беше огромна обврска. Потоа си поставив цел да го дочекам 50-иот роденден со долга сребрена коса. Со поддршка од сопругот, престанав да се фарбам во 2017-та и неодамна го прославив 50-иот роденден со сребрена коса!“