6 природни состојки што го поттикнуваат растот на косата и ја прават погуста

Нема потреба да трошите цело богатство за да ѝ го вратите сјајот на вашата коса и да го поттикнете нејзиниот раст - постојат многу природни и лесно достапни состојки кои ќе ви помогнат во тоа.

6-prirodni-sostojki-shto-go-pottiknuvaat-rastot-na-kosata-i-ja-pravat-pogusta-01.jpg

Сите сакаме густа и бујна коса, но некогаш е тешко да го постигнеме посакуваниот резултат. Постојаното третирање на косата со топлина и разни продукти, како на пример фарби, може да ја оштети, па сигурно барате начин како да ѝ го вратите сјајот.

За среќа, нема потреба да давате пари за скапи третмани и препарати – постојат многу природни состојки и масла што ќе ви помогнат да го постигнете посакуваниот ефект.

Па, погледнете кои природни состојки ќе го поттикнат растот на вашата коса и ќе ја направат погуста:

Зелен чај

Од зелениот чај има бројни здравствени придобивки, а се чини дека може да ви помогне да ја подобрите состојбата на вашата коса. Ова го покажало мало истражување, каде што испитаниците користеле екстракт од зелен чај. После 4 дена редовно нанесување на екстрактот на косата, кај нив било забележано забрзано растење на косата.

Исто така, неколку истражувања со животни покажале дека консумирањето зелен чај може да го поттикне растот на косата и да го подобри нејзиниот квалитет. Што значи, за да ги почувствувате придобивките, доволно е да пиете барем една шолја зелен чај дневно.

Сепак, не значи дека со сигурност ова ќе успее кај секого, но вреди да се проба. 

6-prirodni-sostojki-shto-go-pottiknuvaat-rastot-na-kosata-i-ja-pravat-pogusta-02.jpg

Алое вера

Алое верата е растение што го користат скоро сите кои сакаат природна нега на кожата, а е одлично и за вашата коса. Ова растение ја потхранува косата и може да го отстрани вишокот маснотии од неа, но и да го забрза растењето.

Можете и сами да си направите средство за коса од алое вера – во шише со распрскувач измешајте една шолја вода и половина шолја сок или гел од алое вера и добро измешајте. Потоа само нанесете го средството на косата, оставете да отстои барем еден час, па измијте ја косата.

6-prirodni-sostojki-shto-go-pottiknuvaat-rastot-na-kosata-i-ja-pravat-pogusta-03.jpg

Масло од нане

Маслото од нане ја подобрува циркулацијата на скалпот и го поттикнува растот на косата. Најдобро е да го користите во комбинација со друго масло за коса, на пример од јојоба, а потоа само нанесете го на косата околу еден час пред миење. Можете и да додадете неколку капки во шампонот за коса.

6-prirodni-sostojki-shto-go-pottiknuvaat-rastot-na-kosata-i-ja-pravat-pogusta-04.jpg

Масло од рузмарин

И ова масло го стимулира растот на косата, а многумина кои го пробале тврдат дека е доста ефикасно. Доволно е да додадете 10-тина капки од маслото во вашиот шампон за коса.

6-prirodni-sostojki-shto-go-pottiknuvaat-rastot-na-kosata-i-ja-pravat-pogusta-05.jpg

Кокосово масло

Кокосовото масло ја навлажнува кожата на скалпот, го поттикнува растот на косата, а може да ја спречи и појавата на испукани врвови.

Нанесете го маслото на целата коса - од корените до врвовите - оставете да делува најмалку еден час, а потоа измијте ја.

6-prirodni-sostojki-shto-go-pottiknuvaat-rastot-na-kosata-i-ja-pravat-pogusta-06.jpg

Масло од лаванда

Маслото од лаванда има релаксирачко дејство, а може да го поттикне и растот на косата. И ова масло е најдобро да го користите во комбинација со друго и треба да го нанесете пред миење. Со редовно користење, може да забележите разлика за помалку од два месеци.

6-prirodni-sostojki-shto-go-pottiknuvaat-rastot-na-kosata-i-ja-pravat-pogusta-07.jpg

Напомена: Овие методи можеби на многумина им помогнале, но не значи дека со сигурност ќе имаат добар ефект кај секого. Сепак, доколку немате несакани дејства од некои од овие намирници, вреди да пробате, со оглед на тоа што се на природна база. 

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лимонада за косата, кечап за сјај: Едноставни трикови со кои ѕвездите секогаш изгледаат совршено Суки Вотерхаус ја плакне косата со лимонада, а Џенифер Лопез користи спреј од 10...
9 совети за хигиена и убавина кои се застарени (дури и штетни) Косата мора да ја измете двапати со шампон, кремовите со заштитен фактор се само...
12 жени ги откриваат тајните за убавина (поради кои се чувствуваат одлично во своја кожа) „Имам 50 години и веќе две децении го чистам лицето со масло од рози наместо со ...
Кратка коса - тренд кој го следат само најхрабрите македонски и регионални дами Неодамна Нина Бадриќ ги изненади своите фанови кога се појави со кратка коса. Но...
Бојата на коса „розово злато“ ќе им биде опсесија на девојките оваа есен 2024 (фото) Ако сте подготвени за експериментирање, овој тренд ќе го дочекате со ширум отвор...
Идеи за фризури со кои ќе ја скриете мрсната коса (ако немате време да ја миете) Опавче со повеќе стегачи, елегантна пунџа, плетенки - постојат многу фризури кои...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg