Детали во изгледот на жената кои порано беа „неприфатливи“, а сега се тренд
Ако пред неколку години беше „срамота“ да се појавите со дебели и нескратени веѓи, денес „трендсетерките“ намерно прават веѓи кои наликуваат „неуредно“ и го враќаат природниот изглед во мода, а притоа се носат со трендовите одлично.
Трендовите за убавина и мода постојано се менуваат, па она што беше модерно пред неколку години, сега е веќе застарено, но и обратно.
Се сеќавате ли на периодот кога сите имаа тенки веѓи? Сега модерните девојки ги оставија тенките веѓи во минатото и практикуваат густи и навидум „неуредни“ веѓи.
Секако, тоа не значи дека ги оставаат да растат неконтролирано, туку се препуштаат во вештите раце на професионалците кои ќе им помогнат да го постигнат овој изглед.
И додека до неодамна беше неприфатливо да излезете од дома ако косата ви е „подрасната“ и бојата на коренот ви се разликува, пред неколку години токму овој стил на носење на косата стана хит, иако не сите можат да го прифатат како тренд.
Модерните девојки сѐ почесто го насочуваат вниманието кон природниот изглед и ги охрабруваат останатите да заборават на застарените стандарди за убавина, но истовремено, тоа не значи дека треба да го запуштите изгледот, бидејќи овие ефекти сепак се постигнуваат со нега.
Освен светските следбенички на модата, и нашите познати девојки прифатија некои од овие трендови (намерно или ненамерно) и одлично се носат со нив низ годините.
Секако, секоја жена има право да одлучи кој е нејзиниот стил и дали ќе ги прифати трендовите (заради мода или заради лично чувство на удобност), но важно е дека природното, полека но сигурно, станува нормално.
Кои детали во изгледот кои порано беа неприфатливи, сега се тренд?
Навидум „неуредни“ веѓи (не следат една линија на „зачешлување“)
фото: Инстаграм - Катарина Ивановска
Впечатлив, неисфарбан корен на коса
фото: Инстаграм - Миа Костова
Кратки и уредни нокти со природен маникир наместо огромни, шарени нокти
Природна и сјајна кожа без тон пудра и порцелански ефект
фото: Инстаграм - Дани Димитровска
Природна боја на коса без бојадисување со фарба
Заоблено лице без истакнување на остри контури
Девојките направија тренд и од подочници
М. М. | Црнобело