Од адвокатка до модел: Индијката што го освојува светот и руши бариери
Нидхи Сунил од Индија е новиот глобален амбасадор на брендот L’Oréal Paris.
Нидхи Сунил работела како адвокат во Керала, а започнала да се занимава со манекенство во 2011 година.
Таа е првиот индиски модел кој ја добил улогата на глобален амбасадор на L’Oréal Paris, иако компанијата претходно има соработувано со една боливудска актерка.
Нидхи е активистка и дел од многу организации и многупати држела говори на теми значајни за младите девојки од Индија и препреките со кои тие се судираат.
Нејзината цел е да ја промени перцепцијата за убавина затоа што поставените стандарди негативно влијаат на самодовербата на многу девојки ширум светот.
Таа смета дека бојата на кожата не смее да биде пречка.
Фотографии од Индијката која полека, но сигурно го освојува светот:
https://www.instagram.com/p/CLmkpKdBf02/
https://www.instagram.com/p/CGC5y0YBqOz/
https://www.instagram.com/p/CFvnTmTH-6d/
https://www.instagram.com/p/CFZ5QZpB-eW/
С. С. | Црнобело