Бизарни трансформации: Што сè прават девојките од Азија за да изгледаат убаво?
Користејќи шминка, самолепливи ленти, продукти за менување на формата на носот и контактни леќи во боја, девојките од Азија целосно си го менуваат личниот опис, а кога ќе ги погледнете споредбите, нема да ви се верува дека станува збор за истата личност.
Корејските продукти за убавина се доста популарни ширум светот, а за девојките од Азија е веќе познато дека се експерти кога станува збор за шминка и трансформација со нејзина помош.
Но, овие девојки, па и момци, не користат само контурирање, вештачки трепки и слични трикови. Тие користат и самолеплива лента за да ги измазнат брчките и да го затегнат лицето, продукт познат како „scar wax“ со кој го обликуваа носот, користат контактни леќи во боја, па дури ставаат и парчиња ткаенина во носот за да ја добијат посакуваната форма.
На нивната умешност ќе завидат и професионалните шминкери од Холивуд, но зошто е толку голема потребата од лажно претставување на нивната „убавина“?
Резултатите се нереални трансформации, а откако ќе ги видите „пред и потоа“ споредбите, нема да ви се верува дека станува збор за истата личност.
Овие трансформации станаа популарни пред 2-3 години, а ги прославија блогерките од Азија.
Во последно време повторно почнаа да се споделуваат видеа и фотки од ваквите трансформации, најмногу бидејќи покажуваат дека можете целосно да си го промените изгледот, без да правите пластични операции и слично.
Некои луѓе со право сметаат дека ова е целосно погрешно, најмногу бидејќи може да има негативно влијание врз малите девојчиња кои ќе се споредуваат со нешто нереално.
Другите пак, велат дека ова е уметност и потребни ви се вештини за да изведите нешто вакво.